Само неколку минути по полноќ во Новата година први се родија, близначиња, братче и сестриче, на скопската клиника.
Радосната вест ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук профил.
„Ви посакувам среќна 2020 година, исполнета со многу љубов, успеси и добро здравје!
Утрово, на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, се родија првите бебиња, две близначиња во 2020 година. Првото е женско, родено во 00:01, а второто е машко и е родено во 00:03 часот. Да се живи и здрави! На родителите им посакувам убава, среќна и бериќетна година!“, соопшти министерот.