ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата го прифати мислењето на Министерството за здравство за доследна примена на Законот за заштита од пушење

December 22, 2021 08:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Уредите за загревање на тутун и електронските цигари смеат да се користат во затворени јавни простории согласно важечките законски прописи.

На вчерашната седница на Владата беше прифатено мислењето на Министерството за здравство за доследна примена на Законот за заштита од пушењето, каде несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање, како и електронските цигари не спаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно истите може да се користат во затворени јавни простории согласно важечките законски прописи.

Според Министерството за здравство, користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и електронските цигари не претставува пушење и следствено овие производи не потпаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно истите може да се користат и во затворениот дел од јавните простории, а имајќи ја предвид одредбата од членот 3 став 1 точка 3 од Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи. Ова оттаму што, според оваа одредба пушењето е дефинирано како „поседување или користење на тутунски производ кој согорува, без оглед дали чадот активно се вдишува или издишува“.

Во мислењето, се имаа предвид и членовите 3, став 1, точка 4, 19, 20, Глава IX и X од Законот за тутун. Имено, според член 3 став 3 точка 19 при користењето на несогорливите тутунски производи и уредите за загревање на тутунот не настанува процес на согорување.

Понатаму, според членот 81 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи производителите и увозниците треба да обезбедат мислење од наставно-научна институција дека при користењето на уредите за загревање на тутунот не настанува процес на согорување кое што мислење понатаму се доставува на увид до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Државниот инспекторат за земјоделство. Министерството за здравство учествуваше во изготвувањето на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи и како закон со понов датум на донесување од Законот за заштита од пушењето, истиот е усогласен со ЕУ Директивата за тутун 40/2014 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Годишно обраќање на претседателот Пендаровски пред пратениците во Собранието

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk