ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Шахпаска: Недела ден на неделен одмор ќе генерира мотивирани и продуктивни работници и задоволни работодавачи

December 22, 2021 10:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Недела ден на неделен одмор е законско решение на кое заедно со социјалните партнери, претставници  на работниците и на работодавачите, работевме цела година, за што беа оддржани и пет седници на Економско социјалниот совет. Низ инклузивен и транспарентен процес, донесовме најодржливо решение кое ќе стапи на сила од 1 јануари, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на Канал 5.

Таа истакна дека ова законско решение овозможува воспоставување на рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот. А тоа ќе придонесе за дополнителна мотивација и зголемена продуктивност на  работникот и  истовремено ќе генерира задоволство и кај работодавачите.

„Во недела нема да работат  92 проценти од работниците, а тие што ќе работат во недела во оние дејности кои се исклучоци и  чие што функционирање е неопходно заради непречено функционирање на државата, ќе добиваат додаток на плата од 50 до 100 проценти повеќе за секој изминат час поминат на работа и дополнително ден за ден за одмор во следните седум дена,“ рече министерката Шахпаска.

Во однос на контролата за доследно почитување на ова законско решение, министерката ја истакна улогата на Државниот инспекторат за труд , кој преку редовни и вонредни контроли ќе го следи почитувањето на законот и работничките права.

Таа посочи дека Законот предвидува и санкции за прекршителите. Работодавачите кои ќе го прекршат законот им се забранува работа од  15 дена, а доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата која редовно ја примаат.

Изминатиот период особено се работеше на зајакнување на човечкиот капитал во Државниот инспекторат за труд , рече министерката, посочувајќи дека за време на пандемија биле извршени дополнителни 100 проценти вонредни инспекциски контроли во однос на почитувањето на протоколите и на работничките права. Изминатиот период Министерството заедно со претставници на работниците, државниот инспекторат за труд и невладините организации кои работат во областа на трудот, одржуваа редовни зум состаноци особени важни за директна комуникација на работниците и трудовите инспектори, со цел поголема заштита на работничките права.

Next Post
Сашо Орданоски

Е, па, ајде, ако не чини Отворен, да продолжиме со Затворен Балкан?

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk