ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Доктор неточно тврди дека вакцините против ковид-19 се експериментални

December 30, 2021 16:40
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцините кои се користат во Северна Македонија  не се експериментални. вакцината на „Фајзер“ стана првата вакцина во светот, која доби целосна дозвола за употреба од Американската агенција за храна и лекови. Европската агенција за лекови (ЕМА) ги одобри и вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“, како што може да се види од официјалната страница на Агенцијата. Светската здравствена организација (СЗО) ја има одобрено вакцината на „Синофарм“ на 7 мај 2021 а „Синовак“ има дозвола  од 1 јуни 2021 година. Научно е докажано дека вакцината спасува животи и засега е единственото ефикасно средство за борба против коронавирусот, пишува „Вистиномер“.

Докторот по општа медицина од Радовиш на протестот во Битола одржан на 19 декември, вакцините против ковид-19 ги нарече експериментални.

Патот до пеколот е поплочен со добри намери. А, добрите намери се вакцинирајте се и ќе ви биде добро. Да, ама не со експериментална вакцина. Ние не сме експериментални глувци. Ние сме луѓе, кои имаме право на збор. А правото на збор е право на избор, вели д-р Атанас Атанасов на протестот во Битола (од 4.30 минута од видеото).

Тврдењето дека вакцините против ковид-19 се експериментални е неточно, а со јавно изнесениот став докторот застанува против вакцинацијата, која е научно докажано и потврдено средство против вирусот, од кој досега починаа 5,38 милиони луѓе во светот. Во Македонија од ковид-19 досега починале 7.838 луѓе (Worldometers, 21.12.2021)

Како што веќе пишуваше Вистиномер, во август 2021 година, вакцината на „Фајзер“ стана прва во светот, која доби целосна дозвола за употреба од Американската агенција за храна и лекови. Европската агенција за лекови (ЕМА) ги одобри и вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“, како што може да се види од официјалната страница на Агенцијата. Светската здравствена организација (СЗО) ја има одобрено вакцината на „Синофарм“ на 7 мај 2021 а „Синовак“ има дозвола од 1 јуни 2021 година.

Издавањето на дозволата значи дека вакцините се според стандардите на ЕУ за безбедност, ефикасност и квалитет, дека се произведени во одобрени, сертифицирани објекти и фабрики, со сите фармацевтски стандарди.

Процесот на одобрување на една вакцина минува низ повеќе фази, безбедносни проверки и научни и клинички испитувања.

Вакцините за ковид-19 беа развиени брзо, затоа што научниците имаа добар почеток. Технологијата веќе постоеше и нејзиното користење за да се развие вакцина за нов вирус стана меѓународен приоритет, во што беа вложени милијарди долари за да се достигне безбедна употреба со цел да се спасат животи.

Регулаторите рационализираа некои чекори во процесот на одобрување, но вакцините, сепак, мораа да ги исполнуваат ригорозните стандарди за безбедност и ефективност на FDA. продолжува внимателно да ги следи сите негативни реакции, пишува во анализата на американската Мејо клиниката (САД).

Технологијата на mRNA, која се употребува во одобрените вакцини против ковид-19 постои веќе подолго време. Испитувања на вакцините за рак со користење на истата mRNA технологија се одвиваат барем од 2011 година.

Ако имаше вистински проблем со технологијата, сигурно ќе го видевме досега. Бидејќи технологијата може да се користи исклучително брзо, а клиничките испитувања беа толку успешни, платформите на mRNA ќе бидат важно средство за подготовка за идни епидемии, изјави Мишел Голдман, професор по имунологија и основач на Институтот за интердисциплинарни иновации во здравството на Универзитетот „Либре де Бруксел“ во Белгија.

Вакцините со вирусни вектори се испитуваат со години за други болести, вклучувајќи и ХИВ.

Вакцините на „Џонсон и Џонсон“ и „АстраЗенека“ се вакцини со вирусни вектори, тип на вакцини што се користат и за време на епидемии на ебола, како и во студии за болести вклучувајќи грип, Зика и ХИВ, покажа проверката на факти на Ројтерс.

Но, и покрај одобрувањето, стандардна практика е безбедносното следење да продолжи и понатаму. Па, затоа се собираат дополнителни податоци околу времетраење на заштитата од ковид-19 и ефикасност против асимптоматска инфекција од SARS-CoV-2.

За тоа како вакцините се тестираат, лиценцираат и надгледуваат во делот на безбедноста е објаснето од Проектот за знаење за вакцини на Универзитетот Оксфорд.

Според тоа, ниту вакцините кои се користат во С. Македонија се експериментални, како што тврди говорникот во видеото од протестот во Битола, ниту ние сме експерментални глувци. Како што многупати до сега сме кажале, вакцинацијата против ковид-19 не е задолжителна, односно се прима на доброволна база. Научно е докажано дека вакцината спасува животи и засега е единстевеното ефикасно средство за  борба против коронавирусот, пишува „Вистиномер“.

 

Next Post
Фото: ТВ21.мк

Jовески: Ставот на Обвинителството беше да не се прифати гаранцијата за Мијалков

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk