ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Jовески: Ставот на Обвинителството беше да не се прифати гаранцијата за Мијалков

December 30, 2021 17:08
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: ТВ21.мк

Фото: ТВ21.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Да не се прифати понудената гаранција за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, беше ставот на Обвинителството во постапка што се водеше. Овој став, како што вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, произлегува од неколку причини. Не мало значење, според него, има и податокот дека за дел на имотот претходно е воспоставена хипотека од Комерцијална банка Скопје.

– Ставот на Обвинителството во целата постапка што се водеше по повод понудената гаранција за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, беше да не се прифати понудената гаранција од неколку причини. Обвинителството даваше негативни предлози затоа што процени дека нема увид во имотната состојба на обвинетиот и второ имотот којшто се нуди за гаранција се состои во недвижни предмети кои се нудат по исклучок, инаку гаранцијата по правило се полага во готови пари од една страна, од друга страна понудениот имот нема доволен квалитет за да може брзо да се впаричи, вели Јовески.

Тој потенцира дека укинувањето на мерката притвор е одлука на судот и затоа во овој момент не може да ја коментира. – Обвинителството ги коментира тие одлуки во делот на правните лекови од една страна, а од друга страна јас се уште не сум ја видел одлуката, ниту образложението на донесената одлука, истакна Јовески.

Појасни дека гаранцијата во основа се полага во пари, во вредности или во други драгоцености коишто лесно можат да се впаричат и дека висината на гаранцијата зависи од семејните и имотните состојби и личноста на обвинетиот.

Не мало значење, според државниот јавен обвинител, има и податокот дека за дел на имотот претходно е воспоставена хипотека од Комерцијална банка Скопје.

– Во постапката Комерцијална банка Скопје даде согласност дека сака да биде доверител од втор ред, додека државата да биде доверител во делот на гаранцијата од прв ред, потоа таа согласност ја повлече и одново даде таква согласност. Со оглед на тоа што за одобрување на кредитите има посебна постапка и интерни упатства и процедури, а Народната банка се грижи за функционирање на банкарскиот систем во земјата, сметам дека Народна банка треба да испита дали со оваа согласност некој излегол вон рамките на своите службени овластувања, или пак се доведени во прашање интересите на другите комитенти на банката, подвлече Јовески.

Во делот на непроверените изјави дека во судскиот совет кој ја донел одлуката учествувал судија кој бил на боледување, обвинителот Јовески рече дека во овој момент неможе да ја потврди таа информација. – Тоа веројатно треба да го утврди судскиот совет, со оглед на тоа што судија којшто е на отворено боледување неможе во тој момент да ја извршува судската функција, додаде тој.

Во делот на предметот „Плацеви на Водно“, Јовески рече дека станува збор за дејствија кои што се извршени пред повеќе години наназад, дека станува збор за дејствија извршени од повеќе лица, дека тоа во тој момент кога се преземале дејствијата било толерирано и дека Обвинителството и другите надлежни институции тешко можат да ги прибираат доказите, но со напор на обвинителите, се разбира и на другите служби од кои Обвинителството бара определени податоци, ние имаме релевантни докази за ова кривично дело.

 

Next Post

Заев: Рестрикции на електрична енергија нема да има, Владата обезбеди 60 милиони денари поддршка за ранливите потрошувачи

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk