Михаил и Теодора се првите бебиња кои се родија на УК ГАК во Скопје. Михаил се роди во 00:01 часот и е само една минута постар од Теодора, објави на Фејсбук министерот за здраство, Венко Филипче.
„Двете бебиња се родија здрави и се чувствуваат добро, како и нивните мајки. На малите им посакувам многу здравје, да бидат најголемата гордост и среќа на нивните родители.
На семејствата Стошиќ и Петровски им ја честитам Нова Година поубаво не можеше да почне“, напиша Филипче на фејзбук.







