ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија во 2023 претседавач на ОБСЕ

January 3, 2022 10:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ или познато како ОБСЕ тројка, заедно со сега веќе минатогодишниот претседавач Шведска, како и актуелниот претседавач за оваа година Полска. Со тоа и формално започнуваат и нашите обврски поврзани со претседавањето во 2023 година со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ во која членуваат 57 земји, плус 11 медитерански и азиски земји партнери на Организацијата, информираше на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

За нас во куќата на дипломатијата, истакна тој, еден од најважните приоритети во 2022 година ќе биде токму претседавањето со ОБСЕ и преку активната улога како дел од тројката, но и преку нашата подготовка за претседавањето во 2023 година

Со денешниот ден, како прв работен ден во годината, нагласи Османи, го преземаме претседавањето со Групата на медитерански партнери – Алжир, Египет, Израел, Јордан, Мароко и Тунис и притоа како копретседавачи во првата година од нашето учество во тројката ќе ја организираме и Медитеранската конференција меѓу ОБСЕ и земјите медитерански партнери најверојатно во Скопје, а потоа го преземаме и управувањето со донесувањето на буџетот на Организацијата.

Активностите во оваа година, според него, ќе претставуваат еден вид генерална проба за целосно преземање на претседателството со Организацијата во 2023 година. Изрази уверување дека МНР, со поддршка и на останатите релеватни институции, има капацитет да одговори на предизвикот и да биде на висина на задачата.

За оваа намена, информираше Османи, веќе е предвиден и буџет за реализација на активностите кои произлегуват од претседавањето со ОБСЕ. Во таа насока во Буџетот за оваа година се предвидени околу 110 милиони денари или без малку околу 1,8 милиони евра. Годинава, наведе шефот на дипломатијата, предвидено е да се упатат околу 15 дипломати во мисијата во Виена, кои ќе работат во рамки на претседавачкото трио и водењето на групата на медитерански партнери, но и ќе се подготват за финално преземање на претседателството со ОБСЕ во 2023 година.

Османи меѓу другото нагласи дека преземањето на претседавањето со себе носи одговорност, како и низа предизвици од логистички, економски и надворешно политички карактер.

– Претседавањето со ОБСЕ за нас ќе претставува и внатрешен трансформативен процес од консумент стануваме креатор и контрибутор на политиките на светско ниво. Ваквата инверзија на улогите претставува нова можност за нашето внатрешно институционално и политичко созревање, но во исто време рака под рака со глобалната експонираност тоа претставува и можност за зајакнување на имиџот на државата преку афирмација на нашите вредности и визии, рече министерот за надворешни работи.

Одговарајќи на новинарско прашање тој информира дека приоритетите на нашето претседавање формално сме обврзани да ги претставиме во мај. Посочи дека ние овој процес сме го почнале многу порано, пред се, како што подвлече, со внатрешни консултации на нашите институции, наведувајќи ги тука МВР, МО, Министерството за животна средина и сите министерства што имаат надлежности во тој дел.

На прес – конференцијата министерот Османи ги претстави луѓето од Министерството кои се најзаслужни, истакна, и за стекнатата доверба да ја добиеме честа да претседаваме со ОБСЕ.

извор: МИА

Next Post

Ангеловска-Бежоска: Се подготвува Предлог-закон за финансиски правобранител, кој ќе постапува по жалбите на граѓаните и ќе ги штити нивните права

Shortcut

Најново

Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

МТФ „Војдан Чернодрински“: Менталното здравје на театарџиите под лупа, младите режисери дебатираа за современиот театарски јазик

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk