ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Скопје очекува конструктивни разговори со Софија, Трифонов со предлог за симнување на бугарското вето

January 4, 2022 08:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија очекува конструктивни разговори со новата бугарска Влада и брзо деблокирање на процесот. Средбите се очекува да се одржат по изгласувањето на новата влада во македонското Собрание, а дотогаш, како што најавува шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи ќе се работи на подготвителните активности за реализирање на тие средби.

Во меѓувреме, бугарскиот министер за иновации Даниел Лорер изјави дека бугарски национален интерес е Северна Македонија да се приклучи кон Европската унија, а лидерот на бугарското движење „Има таков народ“, Слави Трифонов излезе со предлог Бугарија да го симне ветото за Северна Македонија, ако САД ги укинат визите за бугарските граѓани и ако Бугарија веднаш стане членка на Шенген зоната.

Според шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, важно е да се врати довербата и да се разговара за суштинските прашања кои се на маса. Целта на посетата и средбите, како што изјави Османи, е враќање на односите во еден нормален, европски колосек. Проширувањето, вели, не е од интерес само за земјава, туку е и стратешко геополитичко прашање за Унијата.

–  Проширувањето не е само интерес на нас или на земјите аспиранти и кандидати, туку е стратешко геополитичко прашање за Унијата, вклучувајќи и за земјите членки, па и за Бугарија. И оттука, очекуваме во рамки на таа визија да ги продолжиме разговорите, бидејќи и нашите односи ќе го добијат својот вистински потенцијал доколку се остваруваат во рамки на евроинтеграциските аспирации, односно амбиции на регионот, рече Османи вчера на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања.

Во втората половина на јануари, по формирањето на новата Влада во земјава, се очекува да се конкретизира и комуникацијата со Франција, како актуелен претседавач со Унијата, околу можностите што земјава би ги имала за време на француското претседателство.

-Веќе имам воспоставена комуникација и барање за посета и средба со највисоките француски власти. Првично беше договорено таа средба да се реализира овие денови, меѓутоа сепак одлучивме дека таа средба треба да се реализира после формирањето на новата влада овде кај нас, односно во втората половина на јануари, кога ќе треба официјално да се воспостави таа комуникација, којашто и сега во меѓувреме постои, меѓутоа е потребно за да се утврдат француските планови и позиции по однос на нивниот ангажман во овој процес, изјави Османи.

Од друга страна, лидерот на бугарското движење „Има таков народ“, Слави Трифонов вчера во објава на „Фејсбук“ го соопшти својот предлог поврзан со бугарското вето за Северна Македонија. Тој предложи Бугарија да и дозволи влез на Северна Македонија во Европска унија, ако САД ги укинат визите за бугарските граѓани и земјата веднаш да стане членка на Шенген зоната.

-Сега сме помалку Европејци од вистински Европејци. Значи барам веднаш да нема визи за САД и веднаш да станеме членка на Шенген зоната, напиша меѓу другото Трифонов во статусот на Фејсбук.

Реакција пристигна од потпретседателот на 47. Народно собрание на Бугарија и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин, кој изрази надеж дека импровизираните изјави во оваа фаза ќе бидат сведени на минимум за да, како што вели, не се создаде лажна претстава за пукнатини во позицијата на Бугарија или меѓу коалиционите партнери.

Вигенин на „Фејсбук“ напиша дека коалицискиот договор за владеење меѓу „Промената продолжува“, БСП, „Има таков народ“ и Демократска Бугарија има јасен став за европската перспектива на Северна Македонија и дека оваа тема останува една од најголемите предизвици за бугарската Влада во областа на надворешната и европската политика.

Според Вигенин, одржувањето на широк политички договор и соработка меѓу институциите во земјата е клучот за успешна одбрана на бугарскиот интерес. Тој смета дека Советодавниот совет за национална безбедност свикан од претседателот на Бугарија е добра можност да се добијат нови информации и да се споделат политичките ставови за следните чекори.

Бугарскиот министер за иновации Лорер, пак, оцени дека отворањето на преговорите со Северна Македонија треба да биде важна цел за бугарската дипломатија. Во изјава за БНР, Лорер нагласи дека бугарски национален интерес е Бугарија да се претвори во исклучително богата и социјално праведна држава, опколена со исти такви соседи.

Франција, која од 1 јануари го презеде од Словенија претседавањето со Европската унија, пред помалку од еден месец презентираше кои ќе бидат приоритетите за време на нејзиното претседателство со Унијата. Иако проширувањето изрично не се споменува, сепак познавачите не исклучуваат напредок во процесот за Северна Македонија и за Албанија, особено поради тоа што веќе се споменуваше француска иницијатива за решавање на македонско-бугарскиот спор и тргање на бугарското вето.

-Нема да можеме да изградиме Европа на мирот во следните 50 години ако го оставиме Западниот Балкан како што е денеска, изјави Макрон на 9 декември и најави конференција за регионот во јуни.

Францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер, пак во интервју за „360 степени“ минатиот месец изјави оти може да се очекува Макрон да преземе чекори за олеснување на дијалогот меѓу Софија и Скопје, односно иницијатива за придвижување на работите.

Тој не кажа за какви конкретно потези станува збор, но потенцира дека почнувањето на преговорите меѓу ЕУ и Северна Македонија е нешто што сите го посакуваат.

–Мислам дека наредното ваше прашање ќе биде – за што се работи попрецизно всушност, но јас би останал дискретен, бидејќи најважно е да бидеме ефикасни, да имаме активности што ќе овозможат деблокада на процесот и да се постигне тој резултат, којшто сите денес го посакуваат, а тоа е решавање на состојбата што е можно побрзо за да се почнат преговорите за членство во ЕУ. Тоа значи дека не се наоѓаме во фаза на јавна комуникација, туку во фаза на мобилизација, а за да се зголемат шансите за успех понекогаш треба да бидеме многу дискретни, затоа што најважно е да бидеме убедливи и да имаме рационален пристап којшто на крајот ќе ни го донесе посакуваниот резултат, рече Бомгартнер, кој додаде дека целта е преговорите со Северна Македонија да почнат што е можно побрзо.

Потсетувајќи дека во Франција ќе има претседателски избори во април, парламентарни на почетокот на јуни, напомена дека можностите за дејствување на Париз за време на изборите ќе бидат ограничени./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

На патот Свети Николе – Миладиновци сообраќајот по една лента поради свлечиште

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео сторија на ИРЛ

Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

September 28, 2025

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk