Јас сиве овие години се придржувам до некои правила кои важат за секој ресор, а тоа е одговорноста која секогаш има име и презиме и секој од нас лично е многу одговорен за задачите кои ги добива. Сметам дека до последниот ден мојата задача е тоа што може да се заврши да се заврши, вели министерката во заминување Радмила Шекеринска.
– Постои една црвена линија преку која не треба да се премине, а тоа е да се сугерира кои кандидати треба да дојде на ова место. Оваа е задача на мандатарот јас ги пренесов своите размислувања.
Мојот мандат го завршувам со две добри вести првата е дека е зголемен буџетот, а втората е дека Законот за служба во Армијата има шанси да биде релативно брзо донесен.
Новиот министер наследува систем кој е сложен, но има резултати, вели Шекеринска, а пренесе Локално.мк.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска изврши увид во градежните работи кои се извршуваат на објектот каде е сместен Секторот за воена безбедност и разузнавање. Објектот се наоѓа во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.