Премиерот во Зоран Заев во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободен печат изјави дека веќе ја потпишал оставката и оти денеска Собранието на седница само ќе ја констатира. Бидејќи за оставката не се дискутира, по што ќе се оди на избор на техничката влада, 100 дена пред вонредните парламентарни избори на 12 април.
Шефот на државата Стево Пендаровски треба мандатот за формирање техничка влада да му даде на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по што Собранието до полноќ треба да го потврди новиот кабинет во кој опозицијата има две министерски места и тројца заменици министри.
Заев во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека очекува целиот процес да оди без никакви проблеми.
– Веројатно во моментот се поднесува. Утрово во 8.30 владата работи. Јас бев на работа, ја потпишав оставката, согласно договорот и согласно Законот за Влада. Верувам дека многу набрзо ќе стигне во Собранието за да може да почне процедурата во текот на денот за избор на преодната Влада, рече Заев гостувајќи во емисијата „Утрински брифинг“.
Техничката влада е според таканаречниот „Пржински модел“ кој прв пат е применет за изборите во 2016 година.
Претходно владејачката партија СДСМ го прифати предлогот на опозициската ВМРО- ДПМНЕ поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев да биде технички министер за внатрешни работи.
„Очекувам 2020 година да биде година нан членство во НАТО и отпочнување на преговорите со Европската Унија“, изјави Заев.
https://www.facebook.com/slobodenpecat/videos/565553814001403/?v=565553814001403