За прекорачување на брзината над дозволеното, на автопатот Куманово – Скопје – Велес, денеска се санкционирани 97 возачи. Некои од нив „летале“ со 218 километри на час.
„Денеска во периодот од 09.00 до 15.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спровела зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 97 возачи.
Од нив, 21 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопштија од МВР.