ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Илир Мета: Имам позитивни оценки за Заев, беше политичар кој и служеше на демократијата

January 11, 2022 10:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Албанија, Илир Мета во гостувањето во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, рече дека има позитивни оценки за работата на премиерот Зоран Заев

„Тука би сакал да ги споделам моите позитивни оценки за господинот Заев. За неговите огромни напори за склучување на договорот од Преспа. Не беше мал напор, затоа што порано се немаше случено еден позитивен развој и да не заборавиме така брзо, договор кој и овозможи на Македонија да стане членка на НАТО. Да не заборавиме дека овој процес го започнавме заедно со Хрватска и Македонија преку „јадранската карта“ преку САД. Јас бев тогаш министер за надворешни работи, а од страна на Македонија беше Госпоѓа Митрева“, порача Мета.

Тој вели дека во овој процес Македонија многу заостанала, а потоа овој проблем се надминал, односно се решил.

„Зашто јас повторно ќе го вреднувам господинот Заев, ќе се запрашате со право. Затоа што јас ќе ви го споменам моментот кога требаше да ги анулирам домашните избори во Тирана за да спречам еден конфликт кој беше ненадминлив, за да не се „закачат“ двете страни. И другата причина беше што Бундестагот беше категоричен дека по локалните избори Албанија нема шанси да добие датум за преговори во октомври таа година. Тие не сакаат тогаш Албанија да се одвои од Македонија, а Македонија тогаш откако го потпиша договорот требаше да започне со преговорите, ние бевме растревожени од ова и се обидувавме да го избегнеме тоа решение. Ние знаеме дека политичарите водејќи се од партиски интереси го избраа погрешниот пат, жртвуваа еден процес важен не само за граѓаните туки и за почнување на преговорите со ЕУ, беше еден многу позитивен момент во ЕУ токму поради Македонија, поради потпишувањето на Преспанскиот договор и тие сакаа да и се оддолжат на Македонија“, вели Мета.

Според него, тогаш виделе дека Македонија на еден начин се жртвувала за Албанија.

„И тогаш господинот Заев отиде на предвремени избори, еден политички инструмент за надминување на политичката ситуација, затоа што едно од неговите ветувања по потпишувањето на Преспанскиот договор беше и почеток на преговорите, нешто што беше ветено од страна на ЕУ. Не сакам да навлезам во другите заслуги но мислам дека неговото однесување беше демократско, еден пример кој треба да се следи во нашиот регион. Тој беше еден политичар кој и служеше на демократијата во својата земја и на мирот во нашиот регион. Тоа е мојата оценка а што се однесува до начинот на владеење тоа е ваше да оцените“, додава Мета.

 

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Седница на Влада, предлог-програми за изградба и реконструкција на училишта, имунизација и Отворен Бaлкан на дневен ред

НАЈНОВО

Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, некои портали креираат сензација

October 27, 2025

Европската Комисија објави конкурс од 13,8 милиони евра за прекугранична новинарска соработка и медиумски плурализам

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk