ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Владата има полн легитимитет, почнуваме со работа веднаш

January 17, 2022 08:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Легитимитетот на Владата е неспорен и со зголемената поддршка  на мнозинството одржлив во следните две и пол години. Јасно и гласно потврдувам дека избори ќе има, но, во 2024 година. Дотогаш ќе работиме посветено на унапредување на економијата и квалитетот на животот на граѓаните на државата, порача вечерва новиот премиер Димитар Ковачевски во завршното обраќање пред изборот на новата Влада. Тој додаде дека искрено верува оти опозицијата ќе биде конструктивна и ќе соработува во интерес на носење на најдобрите одлуки за државата и граѓаните.

–Работа започнуваме веднаш. Веќе на утрешната седница на Владата отпочнуваме со носење на решенијата за енергетскаста криза. Утре ќе остварам и средба со новата германска министерка за Европа со која ќе разговарам за забрзување на евроитнеграциите. Веќе во вторник на мое големо задоволство ќе бидам домаќин на новиот бугарски премиер Кирил Петков со кого сакаме да воспоставиме нова соработка базирана на почитување, поддршка и зачувување на македонскиот идентитет, рече Ковачевски.

Најави дека Владата веднаш потоа ќе продолжи со решенија за зголемување на пензиите и за поддршка на куповната моќ на граѓаните. Ќе се посветиме, додаде тој, на ефикасна реализација и стимулирање на домашните јавни капитални и домашните и странски приватни инвестиции. Ковачевски нагласи и дека секој министер во својот ресор и целата Влада имаат јасен и прецизен план за реализирање на поднесената програма со рокови и индикатори за следење на реализацијата и ефектите.  

-Најавив и нудам партиципативност  и уште еднаш ја повикувам целата опозиција за заедничка работа за клучните прашња. Нашите граѓани се обединети во барањата за подобар живот. За тоа единствено ќе работиме и бараме сите да ни се приклучите за да ја реализираме таа цел. Да престанат политичките, етничките и сите други поделби и заедно да работиме за решавање на клучните прашања, рече Ковачевски.  

Побара да се тргнат личните и теснопартиските интереси на страна, бидејќи, како што нагласи премиерот, сега повеќе од било кога мора да соработуваме во интерес на граѓаните.

Тој верува дека новата Влада ќе успее да работи и подобро и поефикасно.

-Верувам дека ќе ја подготвиме нашата држава за новото време. На сите граѓани им посакувам многу здравје мир и спокоојство во семејствата и ветување дека ќе направиме се за да ја заслужиме и оправдаме нивната доверба и да обезбедиме подобар живот за сите. Доаѓа ново време, доаѓа подобро време, рече премиерот Ковачевски./МИА/.

Next Post

Ковачевски ќе ја преземе од Заев премиерската функција

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk