„Оваа Влада е смислена, затоа што украдената држава во време на груевистичкиот режим не можеше да биде користена за нормални избори, затоа измислија ваков тампон, кој се вика техничка влада, кој би требало да овозможи пофер пристап кон нормалните изборни механизми, без крадење, без конспирации, без застрашување и притисоци. И да не заборавиме, таа е дел на процесот кој нѝ овозможи демократија“, вели проф. Љубомир Данаилов Фрчкоски во интервју за FRONTLINE.MK, каде што одговори на повеќе прашања за техничката влада, во пресрет на предвремените парламентарни избори во април, 2020 година.
Б. Богдановска
камера: А. Петровски