Шведската активистка за климата, Грета Тунберг, официјално успеа. Тинејџерскиот еколошки крстоносец стана најновата позната личност која добила животно именувано по неа, кога научно списание објави нов вид жаба минатата недела „Pristimantis gretathunbergae“.
Жабата била откриена во изолиран планински венец во дождовните шуми во Панама пред околу една деценија, но само што беше официјално именувана.
A new rainfrog of the genus Pristimantis (Anura, Brachycephaloidea) from central and eastern Panama https://t.co/R4CiiSOqST via @ZooKeys_Journal
— Konrad Mebert (@konradmebert) January 11, 2022
Соопштението дошло од „Rainforest Trust“, кој ја прославил својата 30-годишнина во 2018 година со аукција на правата за именување на некои новооткриени видови, вклучувајќи ја и гореспоменатата дождовна жаба Грета Тунберг. Организацијата не го именуваше победникот на аукцијата кој го избрал името. Жабата првично била откриена од двајца истражувачи, Абел Батиста од Панама и Конрад Меберт од Швајцарија.
„Тимот ја пронајде жабата на Серо Чуканти, небесен остров опкружен со низинска тропска прашума во источна Панама“, напиша „Rainforest Trust“ во соопштението за печатот.
„За да се достигне неговото живеалиште во облачната шума потребен беше пристап преку коњ преку калливи патеки, планинарење по стрмни падини, заобиколување на два хеликоптери кои се урнаа пред неколку децении и кампување над 1000 метри надморска височина“, велат тие.
— Konrad Mebert (@konradmebert) January 11, 2022
Името на жабата дојде заедно со објавувањето на статија во која се опишува новиот вид во научното списание „ZooKeys“. Потекнувајќи од родот „Pristimantis“, еден од најчестите типови жаби пронајдени низ Централна и Јужна Америка, истражувачите објаснија во написот дека дождовната жаба Грета Тунберг се разликува од другите слични подвидови „Pristimantis“ поради нејзините „невообичаено истакнати црни очи, контрастниот светол горен дел усна, и поголемата глава“.
Но, жабата можеби има поблиска врска со Тунберг отколку само името. Тунберг, која е позната по тоа што ги обврзува светските лидери на задача во врска со еколошките прашања, можеби ќе треба да почне да му помага на нејзиниот истоимен водоземец. Истражувачите напишаа дека Серо Чуканти и околните планини Maje се многу загрозени од брзо уништување на шумите и заменети со насади и пасишта за добиток“, што може да влијае на новооткриената жаба.
„Грета Тунберг го претставува автентичниот глас што ги разоткрива мотивациите зад дипломатската завеса на политичарите и деловните чинители. Нејзиниот глас е од суштинско значење ако сакаме да се вратиме и да одржиме здрава животна средина на планетата што сите ја споделуваме, а не и најмалку важно, да научиме да ја почитуваме нејзината величествена разноликост на животот на која и требаа милиони години да се развива“, напишаа научници, објаснувајќи зошто оваа жаба е именувана по Грета.
„Pristimantis gretathunbergae“ не е единствената жаба што неодамна беше именувана по некој во очите на јавноста. Друга дождовна жаба од родот „Pristimantis“ откриена во Еквадор беше именувана по легендарниот рок бенд Лед Цепелин во јуни.
превод: Марија Миткоска