ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

КРИК: Телефоните на Беливук полицијата една година ги чувала во фиока

January 23, 2022 14:36
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во серија написи, српската новинарска организација за истражување на криминал и корупција, КРИК, открива детали од обвинението против поранешната државна секретарка на српското Министерство за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ и нејзината поврзаност со криминалните структури.

Така, на 21 јануари, КРИК објави сторија со детали од сведочења на полицајци, кои се поместени во обвинението против Хркаловиќ, во кои се вели дека трите телефони на водачот на навивачката група „Принципи“, како и на криминалната банда „Беливук клан“, Вељко Беливук, како и извештајот со нивната содржина една година биле чувани во фиока додека траел судскиот случај во кој тој беше обвинет за убиство. Но, не и осуден.

Како што објави КРИК, полицајци сведочеле дека Хркаловиќ им наложила трите телефони на Вељко Беливук да се чуваат во фиока наместо да се предадат на обвинителството кое водело истрага против него.

Според КРИК, на полицаецот Андреа Милетиќ, кон крајот на февруари 2017 година му се поверени на чување три мобилни телефони и извештај за тоа што е најдено во нив. Како што тој изјавил пред обвинителот, предметите биле во отворени коверти и тој ги ставил во фиока која била „под клуч“. Не ги вклучувал, отварал ниту знаел што се наоѓа на нив.

Му било дадено „кукавичко јајце“, рекол подоцна Милетиќ, еден од двајцата полицајци кои сведочеле во овој случај.

Следната година, на три наврати пристигнувале барања од обвинителството да се достават податоците од телефоните, кои биле потребни во судењето против Беливук. Како што рекол полицаецот Милетиќ, тој за ова го известувал неговиот началник Дејан Миленковиќ, кој исто така е сега обвинет со Хркаловиќ. Но, началникот му одговорил дека наредбата од врвот на српското МВР, министерот Небојша Стефановиќ и неговата соработничка Дијана Хркаловиќ гласи дека анализата на содржината на овие телефони сè уште не треба да се прати во обвинителството.

КРИК, во сторија објавена следниот ден, 22.01.2022 г., пишува дека во обвинението против екс-државната секретарка во српското МВР, Дијана Хркаловиќ, се вели оти таа наредила да се избрише прислушуваниот разговор во траење од речиси 40 минути на адвокатот Драгослав Огњановиќ. Во тој разговор Огњановиќ зборувал дека Хркаловиќ се гледа со криминалецот Дарко Елез, дека влијаела да се отстранат доказите во постапката против Вељко Беливук, но и за нејзиниот приватен живот. Два месеци по овој разговор адвокатот Огњановиќ е убиен, а неговото убиство не е расветлено.

На 22 јануари КРИК објавува уште една сторија поврзана со обвиненето за злоупотреба на службената положба против Хркаловиќ. Поточно, овој пат станува збор за содржината на тајните белешки на началникот Дејан Миленковиќ.

Како што открива КРИК, роковникот со амблемот на БИА, српската Безбедносно инфомративна агенција, кој му е одземен на екс-началникот на полицијата Миленковиќ и кој се користи како доказ против него и неговата шефица Хркаловиќ, содржи белешки за дел од клучните криминални случувања.

Во него стои и името на Александар Станковиќ, со надимак Сале Мутави, водач на криминално-навивачката група „Јаничари“ (од која подоцна се создава групата на Вељко Беливук). Токму Станковиќ во бележникот на началникот е наречен „државен проект“, а забележани се и потезите на полицијата по неговото убиство. Белешките откриваат дека Хркаловиќ била во опасност од Јован Вукотиќ, шефот на шкаљарскиот клан за кој се смета дека го нарачал убиството на Станковиќ.

извор: МЕТА

Next Post

Папата повикува на „ден за молитва“ за да се запре влошувањето на кризата во Украина

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk