ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сојуз на здруженија на дијабетичари: Да се ослободат од работни и училишни обврски хронично болните, а особено дијабетичарите

January 24, 2022 12:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на здруженија на дијабетичари соопшти дека денеска поднеле барање до Владата преку Министерството за здравство и Кризниот штаб за спречување на ширење на пандемијата со Ковид-19, да се донесат превентивни мерки за ослободување од работни и училишни обврски на сите хронично болни, особено на лица со дијабетес тип 1, дијабетес тип 2 кои примаат инсулин и имаат компликации од дијабетес, во рок до 14 дена со одобрение од надлежен специјалист и еднокриниолог или дијабетолог, по барање на самото лице.

Од Сојузот посочуваат дека барањето е со цел да се изврши превенција од дополнителни компликации и можни животно загрозувачки состојби кај лицата со дијабетес.

– Епидемиолошката состојба со Ковид-19 е загрижувачка. Сериозно високите бројки на раст и тоа на дневно ниво, за жал и прогресијата на ново инфицирани не запира и покрај важечките здравствени протоколи. Ваквата состојба за Сојузот на здруженија на дијабетичари е сериозно загрижувачка, со највисок ризик по компликации на животите на граѓаните со хронични заболувања, особено кај лицата со дијабетес кои со своите секојдневни активности ги исполнуваат работните обврски.
Отсуствата по овие мерки да бидат на терет на работодавците, согласно правилата за боледување и тоа на вакцинираните со 90 отсто од плата, а на невакцинираните или непрележани од корона вирус 70 отсто од плата. Овие мерки ги бараме имајќи ги во предвид, досегашните факти дека најголем процент на заболени од корона се лица со дијабетес, а за жал во делот на починати тој процент е над 2/3 од вкупниот број.
Воедно потсетуваме дека кај лицата кои имаат средна и потешка форма на коронавирус, од терапијата која се применува се појавува дијабетес и е зголемен бројот на корисници на инсулинска терапија. Водејќи се од мотото дека јавното здравје не е бизнис и политика, а за здрава и работоспособна нација, се надеваме дека како итни мерки ќе бидат прифатени нашите барања, стои во барањето од Сојузот на здруженија на дијабетичари. /МИА/.
Next Post

Папата Франциск не остана должен, испрати дрес со својот потпис за Меси

НАЈНОВО

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени две лица за грабежот на накит во Лувр

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk