ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Меѓувладината седница е успех, ќе и покажеме на Европа дека на Балканот може да се соработува

January 25, 2022 08:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓувладината седница е успех, бидејќи само по една недела од нашата прва средба со бугарскиот премиер Кирил Петков договоривме поконкретно да работиме на теми кои ќе ја подобрат економијата, инфраструктурата, иновациите, образованието, културата, на се она што значи подобра комуникација меѓу граѓаните, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на меѓувладината седница на двете земји, што се одржува во Софија.Сето ова, додаде тој, треба да и покаже на Европа дека на Балканот може да се соработува и дека двете земји ќе воспостават пример за успешна соработка, јави известувачот на МИА од Софија.

– Од тие причини денеска нашите колеги од двете влади ќе работат не теми од областа од инфраструктурата и тоа конкретно Коридорот 8 во сите негови делови, патната и железичката поврзаност, но и во делот на телекомуникациите, рече Ковачевски.

Тој напомена дека меѓудругото ќе се разговара и за теми од областа на образованието, нагласувајќи дека кога го поврзуваме образованието ги поврзуваме младите, ја зголемуваме нивната мобилност, размената на идеи, размената на знаење, што дава поголем синергиски ефект. Ковачевски појасни дека тимовите ќе работат заедно со копретседавачите, кои во текот на наредните шест месеци ќе управуваат со работните групи, кои пак, нема да бидат составени само од министри и заменици-министри, туку и од претставници на одредените области на кои се однесуваат групите.

– Кирил и јас важиме за луѓе кои сакаат ексел табели, кои сакаат рокови и сакаат остварување. Ние ќе бидеме тука постојано и постојано ќе учествуваме во работата на се она што ќе се прави и сакаме барем еднаш неделно работните групи сами да информираат за напредокот и со тоа да ги направиме среќни и граѓаните на Република Бугарија и граѓаните на Република Македонија, потенцира премиерот Ковачевски.

Петков на отворањето истакна дека пред нивната средба во Скопје, односите меѓу Македонија и Бугарија биле на многу ниско ниво, но од она што досега е постигнато во втората недела од неговата работа со Ковачевски му дава надежи дека нештата ќе се одвиваат во позивитна насока.

– Оваа денешна средба покажува во која насока нашите односи ќе се развиваат. Тие ќе бидат засновани на вистина работа, вистински средби, вистински резултати. Најважното нешто за политиката е да се развива за доброто на двата народа. Нема ништо подобро од тоа да работиме заедно, да имаме отворена економија, инфраструктурна поврзаност, да имаме заеднички календар, да говориме за европската интеграција и внимателно да ги следиме општествените теми, вклучително и историјата и човековите права, рече Петков.

Тој нагласи дека има голема надеж дека работите ќе се одвиваат во позитивна насока, напоменувајќи дека уште вчера на заедничката вечера некои од министрите од двете земји наместо да си заминат веднаш започнале да ги планираат специфичните мерки, кои треба да ги спроведат во нивните сфери.

– Верувам дека овој дијалог, оваа конструктивна работа, ќе го замени национализамот, јазикот на омразата и дискриминацијата и ќе покаже дека кога од двете страни има луѓе кои сакаат да го постигнат добрососедство успехот е загарантиран, нагласи Петков. Со пленарната меѓувладина седница копретседаваат премиерот на Македонија, Ковачевски и неговиот бугарски колега Петков.

По отворањето секоја од четирите работни групи паралелно ќе имаат состаноци. Агендата предвидува тет-а-тет средба на премиерите Ковачевски и Петков и состанок на министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска.

Премиерите и министрите на двете влади по одделните работни средби е предвидено да продолжат со пленарната седница на којашто ќе бидат презентирани резултатите од работните групи, после што ќе следува потпишување меморандуми и договори за соработка

. Работниот дел на заедничката седница на Владите на Република Македонија и на Република Бугарија завршува со прес-конференција на премиерите Ковачевски и Петков на која пред новинарите и јавноста ќе ги презентираат резултатите од меѓувладината сесија. Во попладневните часови Ковачевски придружуван од членови на Владата, ќе има одделни средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев и со претседателот на бугарското Собрание Никола Минчев./МИА/.

Next Post

Кризниот штаб препорачува изолацијата поради КОВИД да трае 7 дена

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk