ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Задорожњук: Во Украина не се глорифицира нацизмот, земјата изгуби над 8 милиони луѓе во Втората Светска Војна

January 25, 2022 09:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украина во периодот од 1939 до 1945 година изгуби над 8 милиони луѓе во Втората светска војна и нема причина да го глорифицира нацизмот, вели украинската амбасадорка во земјава Наталија Задорожњук по вчерашниот протест што се организираше пред Украинската амбасада во Скопје под мотото „Против глорификацијата на нацизмот во Украина“, пренесува Вистиномер.

Од Амбасадата на Украина во Скопје велат дека сакаат да ја искористат вчерашната организирана акција за да информираат дека Русија води војна против Украина на сите фронтови, вклучително и на информативниот.

„Во денешниот свет, информацијата е едно од најмоќните средства за борба. Затоа, за време на руско-украинската војна, ескалацијата на безбедносната ситуација од страна на Русија, со поставување на „луди“ барања кон Западот, Кремљ активно користи хибридна информативна агресија – шири дезинформации, фалсификати, води информативна војна против Украина“, наведува украинската амбасадорка Задорожњук во авторската статија „Вистината секогаш победува“ доставена до Мета.мк.

Амбасадорката пишува дека стара и омилена тема на руската пропаганда, која таа цинично ја користи и упорно се обидува да ја протурка, е да ги прикаже Украинците како нацисти.

Задорожњук потсетува пред Втората светска војна од 4 до 7 милиони Украинци загинале од вештачки предизвиканиот Гладомор од 1932 до 1933 година под владеењето на бруталниот тоталитарен режим на Сталин.

„Стотици илјади настрадаа од „Големиот терор“ – сталинистичките репресии. Поради што во тоа време земаше замав движењето за независност на Украина. Светската војна започна во септември 1939 година, една недела по заговорот меѓу двајца диктатори, потпишувањето на пактот Молотов-Рибентроп“, пишува украинската амбасадорка.

Во Втората светска војна, на страната на советската армија се бореле околу 7 милиони Украинци, од кои преживеале помалку од половина. Во составот на полската армија, се бореле 112.000 Украинци, во армијата на САД до 80.000, на страната на Велика Британија и Канада околу 45.000 и на страната на Франција – 6.000.

Злосторствата на сталиничкиот режим во Украина се величаат од модерна Русија, а својата хистерична антиукраинска кампања ја изгради на принципите „кој не е со нас е фашист“, пишува амбасадорката Наталија Задорожњук.

„Во Русија, од самиот почеток на агресијата врз Украина, се тврдеше дека причината за нејзината инвазија, прво на Крим, а потоа и на истокот на земјата, бил „државниот удар“ и како резултат „неонацистичкиот режим“. Неприфаќање на неповолна позиција за Москва, неприфаќање на другите да си го изберат својот пат е државна политика на Русија“, наведува украинската амбасадорка.

„Ако Украинците не сакаат да живеат како Русите, избираат поинаков пат на развој за својата земја и херојски ја бранат својата земја од руската агресија – ова е неонацизам во разбирањето на Москва, пишува таа.

Амбасадорката на Украина додава дека од инвазијата на Русија во Украина и анексијата на Крим досега загинале околу 14.000 луѓе, 2 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, а материјалната и моралната штетата нанесена на Украина не може да се пресмета. Задорожњук во статијата коментира дека токму ова се манифестациите на нацизмот во 21 век во срцето на Европа.

Таа потсеќа и на користењето дивјачки методи за борба со противниците – убивање на своите опозиционери во центарот на главниот град, труење на луѓе со полониум, организирање експлозии во други земји, уривање на патничкиот авион Boeing 777 во близина на Доњецк (починале 298 луѓе) и многу други.

„И покрај на сите овие злосторства кои Русија ги изврши против човештвото, Москва се обидува да го убеди светот во опасноста од страна на Украина. Така, ние, Украинците, нашата земја сме најопасната закана за Русија, бидејќи слободната, независната, демократската Украина која се придржува до паневропските вредности е казна за тоталитарниот руски режим“, заклучува во својата статија украинската амбасадорка во Скопје.

Извор: Вистиномер

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: Fernando Zhiminaicela / Pixabay

ИЈЗ: Зголемен бројот на позитивни случаи и реинфекции со Ковид-19

НАЈНОВО

Поетскo-музичкиот перформанс „Волкот на љубовта” со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски, и Добрила Грашеска како гостинка

September 16, 2025

Пројковски добитник на Награда за најдобра режија, „Брачно советувалиште“ најдобра претстава на 12. фестивал „Гола месечина“

September 16, 2025
Фото: Фејсбук профил на Х. Мицкоски

Мицкоски: Постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk