ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Санела Шкриељ и Марија Кочовска нови пратенички во Собранието

January 25, 2022 14:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Санела Шкриељ и Марија Кочовска ќе бидат нови пратенички на СДСМ во Собранието. Тие доаѓаат на местото на Славјанка Петровска, која сега е министерка за одбрана и на местото на Бисера Костадиновска Стојчевска, која е министерка за култура. Оваа одлука е донесена денеска на 43-та седница на Државната изборна комисија (ДИК).

Членовите на ДИК едногласно го донесоа Предлог-финасискиот план за распределба на средства во Државната изборна комисија за 2022 година. Потпретседателката на ДИК Дитмитре Шеху појасни дека како и секоја година, така и оваа ДИК ќе носи финансиски план врз основа на средствата што се доделени во буџетот на државата. Информира дека во финансискиот план се предвидени тековното работење на ДИК, платите на вработените, плаќање на електрична енергија, греење, комунални такси, поштенски услуги, горива…

На седницата беше разгледана и усвоена Предлог-одлуката за висината на благајничкиот максиум за 2022 година. Членот на ДИК Радица Ристеска образложи дека со оваа одлука се утврдува висината на благајничкиот максиум за 2022 година во износ од 300.000 денари, исто како и минатата година. Оваа одлука ќе се применува од 1 јануари 2022 година.

По кратката пауза од пет минути, на седницата едногласно беше усвоен предлогот на Борис Кондарко, кој предложи да се разгледа одлука која, како што рече, се однесува за примената на Правилникот по кој се исплатени надоместоците за време на изборен процес за вработените во стручната служба на ДИК. Целта на оваа одлука е да се допрецизира содржината, видот и опфатот на веќе исплатените надоместоци по Правилникот за локалните избори, односно појаснување за што се однесуваат надоместоците за стручната служба.

Тој исто така предложи да се донесе заклучок писмено да се побара од раководителите на одделенија и сектори да се достават извештаите за примена на постоечките интерни акти и процедури за работа во ДИК, а рокот да биде пет работни дена.

Кондарко предложи и да се донесе заклучок за да почне соодветна постапка за надградба и усовршување на системот за електронска евиденција за редовност на работа во ДИК, преку воведување на фингер-принт апарат. Членовите на ДИК ги прифатија и овие предлози на Кондарко.

извор: МИА

Next Post

Кривична пријава за градоначалникот Пецаков кој наместо во самоизолација присуствуваше на Водици

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk