ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Никогаш нема да ја заборавиме подадената рака на Бугарија во поплавите и големите шумски пожари во нашата земја

January 25, 2022 16:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Софија му ја врачи наградата „Достојни Бугари“ на пожарникарот Давид Галабов, како еден од добитниците на признанието, кој не го штедел сопствениот живот за да ги спаси животите на две мали бебиња од огнена стихија.

– Пожарникарот Галабов по втор пат ја добива оваа награда, а првиот пат ја добил заедно со своите колеги заради пожртвуваното учество во справувањето со поплавите од 2016 година во мојата земја, истакна премиерот Ковачевски на церемонијата на врачувањето на наградата.

Тој нагласи дека нашите граѓаните никогаш нема да ја заборават подадената рака на Бугарија и тогаш во 2016 година, но и лани кога нашата земја беше зафатена од големи пожари, за кои меѓу првите, помошта дојде од нашите соседи. Пријателска Бугарија и нејзините медицински и здравствени работници, додаде Ковачевски, покажаа исклучителна професионалност и во случајот на сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“ кога 45 наши сограѓани го загубија животот во стравичната трагедија.

– Ние никогаш нема да го заборавиме сочувството и помошта која тогаш беше пружена, посочи Ковачевски.

Тој им честиташе на пожарникарот Галабов и на сите добитниците на наградата и испрати порака на охрабрување за солидарност и помош како обврска да вратиме со добро кон заедницата.

Ковачевски заедно со бугарскиот премиер Кирил Петков, денеска по заедничката седница на двете влади во Софија, присуствуваше на манифестацијата на доделување на наградата „Достојни Бугари“ која традиционално секоја година им се доделува на повеќемина бугарски граѓани кои оствариле големи остварувања и хумани дела за својот народ и за својата земја.

Премиерот Петков ова високо признание им го врачи на бугарските спортистки носители на златен медал на последните Олимписки игри во Токио, како и две деца што собирале средства за нивната болна мајка со продажба на лимонада на свој штанд.

извор: МИА

Next Post

Во Србија најмногу новозаразени од почеток на пандемијата – 19.901 позитивни

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk