ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Државите ја имаат главната одговорност во заштитата на бегалците и човековите права

January 26, 2022 11:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Меѓународниот форум за заштита на бегалците, организиран од Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Канцеларијата на УНХЦР во Северна Македонија и Меѓународниот институт за хуманитарно право од Сан Ремо.

–Оваа конференција е силен пример за многу потребниот мултилатерализам и меѓународна соработка. Конфликтите, тероризмот, пандемијата, социо-економската и финансиската нестабилност и натаму ги нарушуваат начините на живот ширум светот. Тие продолжуваат да ги загрозуваат човековите права и слободи, предизвикувајќи хуманитарни катастрофи од големи размери и невиден број бегалци – лица на кои им е потребна заштита додека бегаат од прогон поради нивната раса, религија, националност, членство во одредена општествена група или политичко мислење, истакна Пендаровски.

Државите, како што посочи претседателот, ја имаат главната одговорност кога станува збор за заштитата на бегалците и човековите права. Затоа, како што додаде, мораме да предничиме во исполнувањето на обврските преземени со Глобалниот договор за бегалците и Глобалниот форум за бегалци.

-Како потписничка на Конвенцијата од 1951 година и преку својата долгогодишна соработка со УНХЦР, Северна Македонија покажа солидарност со бегалците од многу конфликти во поновата историја. Од војните низ поранешна Југославија во 90-тите години од минатиот век до стотици илјади што ја поминаа земјата во 2015 и 2016 година – без престан работевме за да им обезбедиме заштита на тие луѓе и да останеме цврст поддржувач на споделената одговорност на глобално ниво, рече шефот на државата.

Пендаровски истакна дека по падот на Кабул неодамна, водени од чувството на морална обврска и солидарност, потврдувајќи ги нашите меѓународни обврски и во согласност со нашата традиција, веднаш ја огласивме нашата подготвеност да прифатиме авганистански бегалци.

КОВИД-19, како што нагласи претседателот, ги предизвика нашите начини на живеење на многу нивоа, а во исто време не турна кон преиспитување на нашите ставови за различни аспекти од животот. Сепак, како што додаде тој, во никој случај не треба да дозволиме пандемијата да послужи како оправдување за недостатокот на солидарност.

-Низ овие години на големи предизвици, потребно ќе ни биде сè посилно и подлабоко партнерство и солидарност. Во оваа смисла, од суштинско значење ќе биде, истакнати експерти и академици, како и практичари со големо искуство во областа, да ни дадат препораки за тоа што државите, граѓанското општество, приватниот сектор и сите луѓе со добра волја можат да направат заедно на полето на заштитата на бегалците со цел да се прошират можностите за подавање рака на оние на кои им е потребна во деновите кога владее безредие, рече Пендаровски. 

извор: МИА

Next Post

Повеќе од една третина од потрошената струја во ЕУ е од обновливи извори

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk