ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Експертската поддршка од МОТ и нивното учество во новиот Закон за работни односи е од големо значење, соработката во областа на трудот продолжува

January 27, 2022 11:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со националниот координатор на Меѓународната организација на трудот, Емил Крстановски, информираат владините служби.

На средбата, министерката Тренчевска зборуваше за приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, кои се поврзани со заштитата и почитувањето на работничките права и се дел од Програмата за работа на Владата, како и значењето на социјалниот дијалог во општеството.

„Експертската и техничка подршка и помош од  Меѓународната организација на трудот  и нивното учество во  креирањето на законските решенија е од големо значење за нас. Особено сакам да ја истакнам соработката на новиот Закон за работни односи, како и останатите стратешки документи кои се однесуваат на  политики и прашања од областа на  трудот,“рече Тренчевска.

Националниот координатор, Емил Крстановски се осврна на досегашната соработка и поддршка од Министерството за труд и социјална политика и ја нагласи важноста на членувањето во оваа организација за воспоставување на современи стандарди на трудот, кои се и треба да бидат дел од националното законодавство. Како идни активности ги посочи подготовката на новиот план за имплементација на младинската гаранција и подготовка на новата Програма за пристојна работа 2023- 2027 година.

Двете страни го потенцираа значењето на Економско – социјалниот совет, како трипартитно советодавно тело на национално ниво, но и понатамошен развој на локалните економско – социјални совети и поддршката во ратификувањето  на конвенциите усвоени од Меѓународната организација на трудот.

На крајот на средбата министерката за труд и социјална политика и националниот координатор на МОТ, изразија подготвеност за понатамошна плодна соработка во интерес на сите засегнати страни во општеството.

Меѓународната организација на трудот е единствена и специјализирана трипартитна агенција на Обединетите Нации основана во 1919 година. Оваа организација во рамките на својата структура и функционирање ги вклучува владите, работодавачите и работниците од 187 држави-членки, меѓу кои и Република Северна Македонија.

Next Post

„Епл“ повторно на врвот по продажба на смартфони во Кина

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk