ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Првиот работен ден на партиските министри на МВРО-ВМРО во влада што треба да е техничка

Наместо министри за техничка влада, добивме токму партиски апаратчици, кои наместо за работа, се фатија за правење пропаганда и за злоупотреба на државни ресурси и работно време во партиски цели. Наместо експерти и професионалци, добивме повторно порака за враќање на истиот менталитет – за бришење на границата меѓу партијата и државата, за МВРО-ВМРО. 

January 5, 2020 16:27
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Со денови, сите гласници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се отепаа да ја убедат јавноста дека решенијата за техничката влада се професионалци и експерти, а не „партиски апаратчици“.  Вака ги пофали и дел од „критичката јавност“.  А тие, таман избрани, ревносно, во првата сабота по Нова година, се фатија за работа и се пофалија насекаде – со првиот работен ден како државни функционери.

Ќе беше добро, да беше така. Но, не е. Наместо министри за техничка влада, добивме токму партиски апаратчици, кои наместо за работа, се фатија за правење пропаганда и за злоупотреба на државни ресурси и работно време во партиски цели. Наместо експерти и професионалци, добивме повторно порака за враќање на истиот менталитет – за бришење на границата меѓу партијата и државата, за МВРО-ВМРО.

Оние што ги добивме како државни функционери, кои ќе добиваат плата од парите на сите граѓани, настрана пропаднатиот неуставен  предлог за полковникот Ковачки, се далеку од експерти и стручњаци, кои се „непознати“ за партиската машинерија што се инсталираше цела деценија во сите институции за време на груевизмот. Тие беа дел од неа.

Мизрахи дава и објавува интервју во работно време, за кое самата вели дека е партиско, со партиска иконографија. Во работно време.

Имено, сегашниот  министер за внатрешни Чулев, е раководител во Агенцијата за разузнавање во време на груевизмот и „Диво насеље“ во 2015. Министерката Мизрахи, биохемичарка и генетичарка, ги води пресовите на ВМРО-ДПМНЕ на тема социјала. Стаменковска-Стојковски, дополнителен заменик-министер во МИОА, беше пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ од сегашниот состав, ставена на листа во време на Груевски. Заменик-министерот Трипуновски беше директор и советник во земјоделие за време на груевизмот и е подолго време задолжен за земјоделие во ВМРО-ДПМНЕ. Димитриеска-Кочоска, во време на груевизмот, работела во Министерство за финансии, а потоа и како директор за финансии во ЕЛЕМ, во време кога директор таму беше токму Мицкоски.

Трипуновски, партиска средба во работно време.

Туку, нејсе, да видиме како овие „професионалци“ го поминаа нивниот прв, ем саботен, ем работен ден?

Речиси сите (со исклучок на Чулев) имаа јавни комуникации на социјалните мрежи, од страници на кои не доминираат државните симболи, туку оние на партијата. Некои од нив објавија постови со партиска иконографија и партиски пораки во работно време. Други, пак, одржаа партиски состаноци во работното време.

Ниту седнати асолно во министерската фотелја, наместо да побараат некој ден да се запознаат со состојбите во ресорот и конкретните бројки како секој нормален министер во секоја нормална земја, тие веќе знаат сè. Дури и за машинеријата на ВМРО-ВМРО која никогаш не беше целосно деинсталирана од системот, троа премногу и пребрзо, нели?

Стаменковска – партиска иконографија.

Оправдувањата дека е сабота не држат вода, оти никој не ги тераше да се пофалат дека ја работат државната работа во сабота, наместо да тераат партиски активности. А тие се пофалија и со едното и со другото, во работен ден, кој би требало да трае 8 часа. Притоа, патувањата во други градови, во кои покрај државните се реализираат и партиски активности, ги плаќаат граѓаните. Со јазикот на ОБСЕ/ОДИХР, тоа се нарекува злоупотреба на државни ресурси за партиски цели.

Туку, нека им каже некој на техничките министри и заменици од ВМРО-ДПМНЕ, оние за кои велеа дека се професионалци и експерти, дека не се веќе партиски, туку државни функционери. Нека ги тргнат партиските симболи од насловните страници на нивните официјални Фејсбук пејџови. И, во работно време, не е убаво од позиција на министри, кои штотуку стапиле на функција, веќе од прв ден, освен со партиска иконографија, да се обраќаат со партиски вокабулар.

Освен тоа, ако веќе одат во други градови на партиски состаноци, нека го прават тоа надвор од работното време, со нивни, партиски, а не со државни возила и гориво платени од наши пари. Ако веќе работат во сабота, или нека тераат работа за државата, или за партијата, не може и двете одеднаш, драги мои „професионалци“!

Можеби не е дел од нивната партиска традиција и култура, но ќе треба да научат, оти непостоењето граници меѓу партијата и државата го оставивме во минатото.

Или пак, ова е уште еден показател, дека покрај враќање на останатите „убавини“ од минатото, ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да ја брише и границата меѓу партијата и државата?

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

 

Next Post

Санела Шкријељ: Невистинити се тврдењата на министерката Мизрахи дека во Комисијата за помош и нега од друго лице се блокирани над 8.500 предмети

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk