ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реакции: Чулев за два дена потврди дека е дел од режимска матрица

„Целосна невистина е тврдењето на Чулев за интервју за ТВ Алфа дека се делеле незаконски решенија и дека постои наводна поврзаност на вработени во МВР со криминалните структури. „Новиот“ лик на ВМРО-ДПМНЕ покажува стари режимски навики, се шират намерни лаги. За само 2 и пол години Оливер Спасовски направи многу повеќе за МВР од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години“ - реагира СДСМ. „Иако ДПМНЕ најави нов лик, сепак никако да ги заборават старите навики.“ - реагира Славјанка Петровска, заменичка на министерот за внатрешни работи.

January 5, 2020 20:51
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Само два дена му требаа на новиот технички министер на МВР Наќе Чулев да потврди дека тој е дел од режимот за чие време МВРО-ВМРО одлучуваше за судбината на нашите граѓани. Техничкиот мнистер за внатрешни работи во преодната Влада, Наќе Чулев, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво Насеље“. Чулев има хипотека со „Диво Насеље“ која ќе има негативни импликации во јавноста и кај вработените во МВР, а за да се докаже ова му требаа само 2 дена, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

„Целосна невистина е тврдењето на Чулев за интервју за ТВ Алфа дека се делеле незаконски решенија и дека постои наводна поврзаност на вработени во МВР со криминалните структури. „Новиот“ лик на ВМРО-ДПМНЕ покажува стари режимски навики, се шират намерни лаги.

За само 2 и пол години Оливер Спасовски направи многу повеќе за МВР од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години. Откако СДСМ ја предводи Владата, за само 2.5 години почна да се враќа угледот и довербата во МВР, полицијата е професионализирана и работи во служба на законите и во интерес на граѓаните.

Уште поконкретен доказ за одговорното за работењето на МВР под раководство на Спасовски е анкетата на ОБСЕ за довербата на граѓаните во полицијата, која јасно покажува дека довербата во полицијата расте односно дека граѓаните сметаат дека полицијата работи добро и дека се минато времињата кога со МВР раководеше ВМРО-ДПМНЕ, а довербата беше сведена на мизерни бројки токму поради партиската злоупотреба на полицијата“, се наведува во соопштението.

Како човек од безбедносно-разузнавачката заедница, велат од СДСМ,  Чулев треба да ги знае законите во Република Северна Македонија и да е свесен дека сомнежи за евентуална поврзаност со криминални структури се пријавуваат во Јавното обвинителство, а не во интервјуа.

„ВМРО-ДПМНЕ е заробена во сопствените црнила и криминалната матрица на Груевски, затоа предложи решение како Чулев и затоа и не може да се помири дека МВР за време на СДСМ функционираше професионално. Нема повеќе МВРО-ВМРО! Нема повеќе режим“,  велат од СДСМ.

И Дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска вечерва објави на својот Фејсбук профил дека целосна невистина се тврдењата на новиот технички министер на МВР Наќе Чулев изнесени во интервју за ТВ Алфа за незаконски решенија и наводна поврзаност со криминалните структури.

Според неа, сите акти кои се потпишани се во согласност со законот и прописите во МВР.

„Иако ДПМНЕ најави нов лик, сепак никако да ги заборават старите навики. И понатаму продолжуваат со намерното ширење лаги дека во МВР не постои компаративна статистика за состојбата со криминалитетот во периодот додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски. Напротив, вистината е не само дека постои анализа туку таа покажува извонредни резултати споредено со периодите претходно кога министерството беше управувано од ДПМНЕ. Намален е криминалитетот, разбојништвата, убиствата, жртвите од сообраќајни незгоди и тн. Овие резултати беа презентирани минатата недела на брифинг со новинарите на кој беа присутни над 30 претставници на медиумите“, пишува на нејзиниот ФБ профил.

Таа додава дека уште поконкретен податок за работењето на МВР под раководство на Спасовски е анкетата на ОБСЕ за довербата на граѓаните во полицијата, која, вели, јасно покажува дека довербата во полицијата расте односно дека граѓаните сметаат дека полицијата работи добро и дека се минато времињата кога со МВР раководеше ДПМНЕ, а довербата беше сведена на мизерни бројки токму поради партиската злоупотреба на полицијата.

„Како човек од безбедносно-разузнавачката заедница Чулев треба да ги знае законите во Република Северна Македонија и да е свесен дека сомнежи за евентуална поврзаност со криминални структури се пријавуваат во Јавното обвинителство, а не во интервјуа. Зарем ова е долгонајавуваниот професионализам на ДПМНЕ?“, прашува дополнителената министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Next Post

Најчевска: Ова не е техничка влада, туку обична спрдачина

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk