ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бионтек и Фајзер бараат дозвола за вакцина за бебиња

Фармацевтските компании Бионтек и Фајзер поднесоа барање во САД за дозвола за вакцина против коронавирус наменета за бебиња и мали деца.

February 2, 2022 12:06
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцината против коронавирус на германската фармацевтска компанија Бионтек и нејзиниот американски партнер Фајзер би требало да им се дава на деца на возраст од 6 месеци до 4 години, соопштија двете компании. Доколку американската агенција за лекови ФДА даде дозвола за вакцината, тоа ќе биде прва вакцина против коронавирус за деца во оваа возрасна група. Компаниите нагласуваат дека своето формално барање за дозвола го поднесле „по барање“ на ФДА, поради зголемениот број на инфекции со Омикрон, пренесува Дојче веле.

Агенцијата за лекови на Твитер соопшти дека барањето ќе го разгледува на 15 февруари.

„Приоритет е да се има безбедна и ефикасна вакцина за деца во оваа возрасна група“, соопшти вршителката на должност шеф на ФДА, Џенет Вудкок.

Барањето се однесува на две дози од вакцината, со значително намалено количество од супстанцијата. Тоа на родителите би им дало „можност да почнат со вакцинирање на своите деца против Ковид-19, додека чекаат на можна дозвола за трета доза“, објаснува шефот на Фајзер, Алберт Бурла. Податоците од студиите за третата доза „се очекуваат во наредните месеци и ќе ѝ бидат доставени на ФДА за можно проширување“ на ова прво барање, соопштија фармацевтските компании.

На почетокот на јануари ФДА дозволи бустер вакцина за деца над 12-годишна возраст. Освен тоа, дадена е и дозвола за трета доза за деца на возраст помеѓу 5 и 11 години кои имаат многу заслабнат имунолошки систем.

Барањето за дозвола се однесува на две дози од вакцината, со значително намалено количество од супстанцијата

Постапката за дозвола во Германија сѐ уште трае

Постапката за давање дозвола за вакцината на Бионтек за мали деца во Германијанајверојатно ќе трае со месеци. „Компанијата Фајзер соопшти дека резултатите од клиничките студии во возрасната група од 6 месеци до 4 години се очекуваат во април 2022 година“, изјави портпарол на германското Министерство за здравство за весниците од медиумската групација „Функе“. За дозвола по забрзана постапка овие податоци потоа треба прво да ѝ бидат доставени на Европската агенција за лекови ЕМА.

Претседателот на Германското друштво за медицина за деца и млади, Јерг Деч, не е уверен во ползата од вакцината за мали деца. „За такво нешто тежината на болеста, токму по зараза со Омикрон, не е доволно голема за тоа (вакцината, н.з.) да се оправда“, изјави за медиумската групација „Функе“, Јерг Деч, кој е и член на експертскиот совет на германската влада за корона. Тој смета дека вакцинирање со две дози „уште пред да заврши студијата“ за трета доза, „за нас не е добар пат“.

„Доколку функционира, тогаш се имало среќа. Доколку не, тогаш децата без потреба се боцкани по двапати“, изјави Деч.

Next Post

Петровска-Силвестри: Одлична билатерална и сојузничка соработка меѓу Северна Македонија и Италија

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk