ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ИДУЕП Aнализа: Учениците и студентите преферираат настава во живо или комбиниран модел

February 2, 2022 14:04
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: Pixabay

Фото: Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

Најголем број од младите во земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ или над 70%, не сакаат да продолжат со онлајн настава и сметаат дека ниту тие, а ниту професорите не вложуваат доволно напори за квалитетна настава преку интернет што резултира во ниско до средно ниво на стекнато знаење и несоодветна едукација.

Ова го покажува онлајн истражувањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) спроведено помеѓу ученици и студенти од Македонија, Србија и Албанија во текот на месец Јануари 2022 година.  Впечатлив и заеднички став на младите од трите земји е податокот дека, помалку од една третина од нив е за продолжување на онлајн наставата, додека останатите се залагаат за настава со физичко присуство или за комбиниран хибриден модел.

При тоа само 14,6 % од младите во Албанија сакаат да учат онлајн, додека 44% се за физичка настава, а 41,4% се изјасниле за комбиниран модел. Во Македонија 27% од учениците и студентите вклучени во онлајн истражувањето се за онлајн модел, 41% сакаа да се вратат во клупа, додека 32 се за комбинирана модел на онлајн и физичка настава. 21% од младите Срби, пак, повеќе сакаат да учат онлајн, 37% се за настава во училиштата, додека 42% посакуваат да имаат можност и за онлајн и за физичка настава.

Карактеристики и наоди од онлајн анкета спроведена во Македонија

Младите во земјава, слично како и младите испитаници од другите земји од иницијативата „Отворен Балкан“, Србија и Албанија сметаат дека најголемиот недостаток или маана на онлајн наставата е недоволна подготвеност и опременост за нејзино квалитетно спроведување, намалување на квалитетот на стекнатите знаења, намалена контрола на знаењата, намалување на критериумите за оценување, недостаток на неопходната социјализација и интеракција, како и тоа што немало доволна интеракција со останатите ученици и професори, па се до дефицит на внимание и зголемена анксиозност.

Токму на овие наведени недостатоци се темелат и препораките како да се подобри онлајн наставата, односно тие сакаат поголема интеракција, повеќе активности, дигитализација на поголемиот дел од процесите како и максимално искористување на предностите на интернетот за надоградба на знаењето.

Исто така бараат и подобар тренинг за професорите за да може да ги направат предавањата поинтересни со што ќе влијаат и врз квалитетот на пренесеното знаење и интерес кај учениците.

Во прилог графикони од добиените одговори на национално ниво:

 

Next Post

Премиерот Ковачевски во прва официјална посета на Брисел

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk