Видеото на Yon Idy неговите стари, но и новата песна за Евровизија се прегледуваат по десетици илјади пати на ден. Поддршката и запознавањето со “странецот” се зголеми веднаш штом овој млад талент и кантавтор ја сподели со публиката песната “Dreams” со која се надева дека ќе ја претставува Северна Македонија во Турин.
Еден од сништатa на младиот талентиран пејач е токму тоа да настапува за својата земја и да ја сподели својата музика. Млад, прогресивен, секогаш креативен со доза меланхоличност, но и радост во своите ноти Yon Idy освои илјадници лајкови, споделувања, коментари по социјалните мрежи.
Неговите песни се веќе хит на нашите радио станици, го освојуваат регионот, а и Европа.
Она што фасцинира последните неколку денови е зголемената популарност на младиот кантавтор како дома така и надвор од границите на Северна Македонија.
Под видео записите на Yon Idy може да забележиме коментари од типот
„Сум ги слушал/а неговите песни и мислев дека е некој странец“, “Прекрасен уникатен глас и стил! успехот ти е неминовен, влегол на Евровизија или не, само напред!”, “Winner. This song is amazing and totally deserves to go to ESC, definitely the one with most potential in a live performance”
Доколку ви е фаворит, за Yon можете да гласате на https://evrovizija.mrt.com.mk/
В.Крстевски







