ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Тренчевска-Григоријан: Продолжуваме со реализација на проектите за социјалните реформи

February 3, 2022 16:29
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Јованка Тренчевска  и  постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан на денешната средба разговараа за проектите кои треба да бидат реализирани во текот на оваа година, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Тренчевска потенцираше дека УНДП е еден од најзначајните партнери бидејќи со години наназад дава поддршка за реализација на социјалната реформа во државата која овозможува поголема заштита на ранливите групи на граѓани. Таа информираше и за новите мерки од Оперативниот план за 2022 година.

„Наскоро ќе ги промовираме мерките од новиот Оперативен план за 2022 година, за да можат граѓаните што поскоро да аплицираат. Тие се наменети за невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис, да добијат стручни квалификации според барање на работодавачите, практиканство, обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата и други. Со нив придонесуваме граѓаните да имаат сигурен влез во системот на социјална заштита и активирање на пазарот на трудот“, рече Тренчевска.

Според Тренчевска, МТСП во наредниот период  ќе работи на  одржливост на мерките на локално ниво  и на јакнење на тимовите  кои работат на деинституционализацијата.

Постојниот претставник на УНДП Григоријан најави нови стимулативни мерки за вработување и самовработување кои ќе бидат активна поддршка на Оперативниот план за 2022 година. Тој нагласи дека за УНДП е значајна социјалната инклузија на Ромите, на лицата со попреченост, старите лица, децата на улица итн, пишува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

„УНДП  ќе продолжи да ги  поддржува  проектите на МТСП за подобрување на социјалните права на сите граѓани во државата. Ќе останеме близок развоен партнер на Северна Македонија, рече Григоријан.

Тренчевска и Григоријан изразија задоволство што соработката не изостанува  и во другите области од сферата на социјалните реформи за кои се залага Владата.

Меѓу успешно реализираните услуги со поддршка на УНДП е и аудио читачот на македонски и албански јазик за лицата со оштетен вид.

Next Post

Кацарска - Тупанчески: Целосна функционална и финансиска независност на Уставниот суд

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk