ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Со социјалното претприемништво креираме нови работни места

February 4, 2022 13:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и тим лидерката на проектот на „Поттикнување на социјалното претприемништво“, Барбара Садовска, финансиран од ЕУ,  на денешната средба констатираа дека заштитата и помошта од институциите е клучна во поддршката на социјалното претприемништво преку кое ранливите групи добиваат шанса да се вклучат во заедницата. Тренечевска рече дека институциите покажаат кохезија и соработка во овозможувањето на условите за работа се со цел да се намали нееднаквоста.

„Со институционалната поддршка за социјалното претприемништво,  ги  решаваме предизвиците и на централно и на локално ниво поврзани со сиромаштијата, невработеноста и други социо-економски прашања во врска со интеграцијата на ранливите  групи. Социјалните претпријатија ќе придонесат во креирање на нови работни места за ранливите групи. На крајот на минатата година го отворивме и Националниот центар за поддршка на социјалните претпријатија кој овозможува финансиска поддршка но, пред се едукација и обука на социјалните претпријатија. Со новото законско решение за социјални претпријатија, кое очекуваме  да се донесе оваа година, освен што ќе го уредиме основањето,  ќе го уредиме и системот на следење на работата на социјалните претпријатија, воспоставената структура за поддршка и проценката на  ефектите од мерките “, рече Тренчевска.

Тим лидерката на проектот на „Поттикнување на социјалното претприемништво“,  Барбара Садовска, посочи дека суштината на проектот е да биде воспоставена институционалната поддршка за која наскоро очекува законско решение кое ќе овозможи одржливо решение.

„Социјалното претприемништво и претпријатија  им овозможуваат на локалните заедници поуспешен развој. Законската легислатива им е потребна за да можат социјалните претпријатија успешно да работат и да имаат инклузивна улога во вклучување на ранливите групи во локалните заедници“, рече Садовска.

Минатата година во август Владата ја усвои  Националната стратегија за социјалните претприемништво 2021 – 2027 година, со двегодишен акциски план 2021-2023 година.

Next Post

Грција од понеделник го укинува задолжителниот тест за влез во земјата

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk