ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Првиот лет од Софија на 11 февруари

February 5, 2022 13:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонска и бугарска делегација од ресорните министри за трансорт и туроператори од двете држави ќе бидат патници на првиот лет што треба да се реализира на 11-ти месецов на релацијата Софија-Скопје. Компанијата „Гуливер“ е заинтерсирана да го реализира летот,  а на оваа релација се очекува да има редовни летови во текот на следниот месец, информираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

-На 10 февруари ќе имаме средба во Софија заедно со нашите тимови на Комисијата за транспорт и инфаструктура и на 11-ти веќе ќе се организира првиот лет од Софија за Скопје каде заедно со делегациите од нашата страна и министерот и туроператори од Бугарија ќе бидеме дел од тој лет заедно. На 11 февруари во Скопје ќе организираме заедничка средба со туроператорите од Северна Македонија, каде што очекувам да се најдат сите поволности и можности и најдобри солуции за граѓаните, за да во иднина оваа линија биде операбилна и да може да оперира редовно на релација Софија – Скопје и секако  уште една дестинација која ќе биде дополнителна можност за граѓаните, изјави Бочварски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Кочани.

Очекувам, како што рече, развој на економијата и на туризмот.  -Драго ми е што веќе има заинтересирана компанија – тоа е компанијата Гуливер која што ќе го изврши овој прв лет  со кој даваме до значење дека со разговори и со позитивен пристап можеме да отвориме повеќе можности за нашите граѓани, за економијата и секкао за развој на туризмот на двете земји, рече Бочварски.

Прашан кога ќе профункционира редовната авиолинија Бочварски посочи дека постои можност за во текот на следниот месец, укажувајќи дека предлозите околу оперирањето на авиолинијата ќе бидат разгледани на средбата на 11 февруари.

-Очекувам на средбата во Скопје на 11 февруари туроператорите кои имаат најдобри сознанија во однос на сите овие постапки и на можностите кои ќе се понудат од нивна страна веројатно можноста е на почетокот, односно во текот на март да се отвори таа редовна авиолинија. Но сепак, пак ќе кажам, очекувам тоа да  произлезе од страна на искусните, професионалците, туроператорите од двете земји, кои ќе ги дадат можностите и ќе дадат свои предлози, каде е најпотребно да оперира оваа авиолинија освен на релацијата Скопје  – Софија и водејќи се од тие созонанија секако дека ќе донесеме одлука што ќе биде од интерес на граѓаните, рече Бочварски.

Неговиот бугарски колега Николај Сабев исто така вчера најави дека првиот лет од Софија за Скопје ќе биде на 11 февруари и оти редовните летови ќе започнат во март, како и дека туроператорите од Бугарија и Северна Македонија треба да се договорат за туристички пакети сокоиштп ќе се зголемат меѓусебните посетите на туристите од двете земји.

Сабев најави дека властите во Скопје ќе обезбедат слотови за летовите на авиокомпанијата со Софија, која ќе лета или до Тирана, или Атина или Истанбул. За рутата треба да има повластени давачки, кои ќе ги добива бугарската авиокомпанија што ќе ги извршува летовите. Тогаш ќе може да се види каков е протокот на патници во овие насоки, за да може да се направи точна проценка и авиолинијата да опстои.

Бочварски и Сабев на 25-ти минатиот месец во Софија потпишаа два докумената за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје-Софија и за железничкиот Коридор 8. Документите беа потпишани по заедничката седница на двете влади.

Next Post

Герасимовски: Започнува реконструкцијата на улиците „Дебарца“, „Црвена Вода“ и „Партизанска“

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk