Ѕвездите од малите и големите екрани се прошетаа по црвениот тепих пред церемонијата на доделување на наградите Златен глобус во Лос Анџелес.
Ова се само некои од комбинациите на облека кои можеа да се видат.
Меѓу номинираните неа Џоди Комер, за најдобра женска улога во серијата Killing Eve и Ендри Скот, кој беше кандидат за најдобра споредна машка улога во серијата Fleabag.
Ни, Џоди, ни Ендру не освоија награди, но затоа освои Фиби Волар Бриџ.
Британската писателка и актерка, која е извршен продуцент на серијата Killing Eve, а истовремено и сценаристка во серијата Fleabag.
Малкумина на црвениот тепих изгледаа како Били Портер, кој беше номиниран за најдобра машка улога во серијата Pose, а се појави во екстравагантна комбинација.
За белата боја се определија Џилијан Андерсон, Риси Витерспун и Марго Роби, иако оваа последната имаше топ во повеќе бои. Оливија Колман и Хелен Мирен – актерките кои освоија Златен глобус за улогите на британски кралици се определија за црвен фустан, но во различни нијанси. Двете беа номинирани за улога на кралици, Колман за серијата The Crown, а Мирен за улогата на Катерина Велика во истоимената серија.
Оливија Колман и Хелен Мирен – актерките кои освоија Златен глобус за улогите на британски кралици се определија за црвен фустан, но во различни нијанси. Двете беа номинирани за улога на кралици, Колман за серијата The Crown, а Мирен за улогата на Катерина Велика во истоимената серија.
Три актерки номинирани за најдобра женска улога – Кирстен Данст, Синтија Ериво и Џои Кинф, одбраа смели комбинации за црвениот тепих.
Данст беше номинирана за улога во серијата On Becoming a God in Central Florida. Ериво за улогата на Хериет Тјубман во филмот Хериет, а Кинг за улогата на Роуз Бланшард во телевизиската драма The Act.
Гвинет Полтроу, Тејлор Свифт и Шарлиз Терон исто така беа многу забележителни во модниот избор.
Ана де Армас и Бени Фелдстин – номинирани за најдобри женски улоги во Knives Out и Booksmart – се одлучија за потемни бои, токму како и Глен Клоуз, минатогодишната добитничка на наградата за најдобра женска улога.
На црвениот тепих се појавија и Сер Елтон Џон и Дејвид Фурниш.
А тука беа и Саша Барон Коен, Адам Дајвер и Кит Херингтон со партнерките Ајсла Фишер, Џоана Такер и Роуз Лесли.