ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ѓорѓиев: Комисијата точно знае што е утврдено, каде треба да се сопре и околу што да се дебатира

February 6, 2022 12:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот ентузијазам повеќе се должи на динамиката на работата на Комисијата. Тука јас гледам дека можеби можеме да помогнеме, а како ќе течат работите во разговорите во самата комисијата тоа е веќе друго прашање, вели за Радио Слободна Европа копретседателот на Заедничката комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев, прашан за средбата со Ангел Димитров во Софија.

Во однос на црвените линии, Ѓоргиев вели дека постојат академски црвени линии во работата на Комисијата и дека тие точно знаат до каде може да одат во однос на тоа што е досега утврдено, каде треба да се сопре и околу што треба да се дебатира, додека декларациите усвоени од двете собранија само повеќе и наштетиле на работата на Комисијата.

Прашан за тоа дали како Комисија имале средба со новиот премиер Димитар Ковачевски, Ѓоргиев, вели дека таква средба немало, додека во однос на новонајавеното темпо за работа на Комисијата, истакнува дека уште не почетокот имале јасен став оти историската комисија не може да има средби секој месец, и дека на годишно ниво ќе имаат шест средби, што е оптималното работење, бидејќи и меѓу средбите тие имаат многу работа во однос на усогласување на ставови, записници итн.

За тоа дали бугарските колеги од Комисијата инсистираат на тоа дека заедничката историја подразбира дека Македонците до 1945 година биле Бугари, Ѓоргиев вели дека имале судир во однос на тоа и дека тој термин е употребен во Договорот во членот што зборува за историската комисија и не е дефинирано што се подразбира под таа синтагма заедничка историја.

– Тие подразбираат дека станува збор за историја на еден народ, односно на бугарскиот народ која започнала кон средината на деветтиот век кога првото бугарско средновековно царство ја освојува територијата на Македонија. Според нив, тогаш се случува трајна етничка хомогенизација меѓу прабугарското население кое е дојдено од исток и словенското население кое живее на овие простори, се создава бугарскиот народ и оттогаш до 1944 година, тоа е историја само на еден народ, односно на бугарскиот народ, одговара Ѓоргиев, во интервју за РСЕ.

Значи македонскиот народ, појаснува Ѓоргиев, според ставовите на најголем дел од бугарската историографија, е создаден со, како што велат, инженеринг на Комунистичката партија на Македонија и на Југославија, на Коминтерната и на Тито.

–  Ние веднаш апсолутно го одбивме таквото дефинирање на синтагмата заедничка историја и дури инсистиравме со колегите да посветиме посебно внимание на тој термин, да го дефинираме што значи заедничка историја, меѓутоа од бугарските колеги тоа беше одбиено и сега синтагмата заедничка историја останува како една од пречките во нашето дефинирање на некои препораки, и во учебниците и за заедничко чествување, вели Ѓоргиев.

Прашан за прашањата кои често предизвикуваат несогласувања, меѓу кои фашистички окупатор, Ѓоргиев вели дека според него, Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за тогашна фашистичка Италија или нацистичка Германија.

–  Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка, профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка земја во тоа време. Профашистичка да, меѓутоа фашистичка не. Бугарија не е фашистичка земја, според мене, но и според видувањата на голем број научници на запад, нема фашистичко уредување во Бугарија. Постои еден авторитарен режим на Цар Борис таму, кој го суспендира работењето на бугарското собрание, меѓутоа Бугарија нема фашистичко уредување. Постојат внатре, условно кажано, фашистички движења, кои имаат фашистички идеи во себе, меѓутоа тие не се во рамките на самата бугарска држава, во структурата на владините тела. Така што, од тој аспект најсоодветно би било користењето на бугарска окупација, бугарска инвазија, вели Ѓоргиев.

Next Post

Ангеловска-Бежоска: Со поголема вклученост на жените во економијата може да се зголеми растот за 30 проценти

Shortcut

Најново

Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026
College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk