Ако останеше Зоран Заев на чело на Владата ќе беше полесен противник на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од што е сега Димитар Ковачевски“ кажа новинарот Васко Ефтов во неговата емисија „Во центар“, каде што соговорник му беше членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров.
Ефтов додаде дека претходниот премиер и лидер на СДСМ имал собрано негативизам кај дел од гласачкото тело, но Ковачевски наспроти него не иритира и тешко може да се направи стратегија и тактика против него.
„Ковачевски е потежок противник за ВМРО-ДПМНЕ. Ако ги издржи првите шест до 12 месеци и не попушти на притисокот на Мицкоски, Ковачевски има шанса да победи на следните избори“ кажа Ефтов.
Како позитивна карактеристика на Ковачевски, Андреј Петров истакна тоа што тој е личеност со интегритет, кој од секоја ситуација гледа што може да се постигне и како да се подобрат работите.