Слична ситуација со демократскиот чин на повлекување на премиерот Зоран Заев имаше и во Британија кога Маргарет Тачер се повлече како премиер. Изборите беа после две и пол години и нејзината Конзервативна партија имаше пославб рејтинг од Лабуристичката партија“ кажа членот на извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во емисијата „Во центар“.
Тој додаде дека за две и пол години работа на нејзиниот наследник, Џон Мејџор, Конзервативната партија ја оствари најголемата победа во историјата на Британија.
„Повлекувањето на Зоран Заев е демократски чин што ќе биде предност за СДСМ. Тезата дека ништо не се сменило е неточна“ кажа Петров. Тој додаде дека демократијата не функционира со детски тези дека немало таков пример и дека премиерот избран од мнозинството во Собранието нема легитимитет, само поради тоа што партијата загубила на локалните избори.