ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Две години од смртта на лекарот кој предупреди за вирусот – мешавина од тага, гнев и надеж

February 7, 2022 14:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Навршуваат две години по смртта на Ли Венлианг, лекарот кој се обиде да ја предупреди Кина за коронавирусот, а и самиот му подлегна. Сеќавањето на него останува мешавина од тага, гнев и надеж за многу Кинези, пишува Њујорк Тајмс.

Офталмологот д-р Ли од Вухан (каде почна пандемијата) привлече внимание на национално ниво откако кон крајот на декември 2019 година, ги предупреди пријателите на социјалните мрежи за појава на нов, мистериозен вирус во неговата болница, но бил опоменат од локалната полиција поради ширење на гласини.

Кога владата со задоцнување потврди дека навистина се шири вирус, д-р Ли станал национален херој и олицетворение на важноста на слободното изразување. Но, доктор Ли набрзо се разболел од вирусот и на 6 февруари 2020 година, починал.

Корисниците на кинеските социјални медиуми експлодираа во бес и тага, како за судбината на д-р Ли, така и за бавниот одговор на владата на избувнувањето на вирусот.  Многумина пишувале на профилот на д-р Ли на Weibo (платформа слична на Твитер) за да му се заблагодарат за храброста да зборува, се извинија за неговиот третман од властите и споделуваа цитат од негово интервју кој гласи: „Здраво општество треба да има повеќе од еден глас“.

Две години подоцна, голем дел од лутината изчезна, и поради цензура, но и поради справувањето со корона-вирусот. Но профилот на д-р Ли на Weibo останува да биде потестник  на раните денови од пандемијата и лутината. Неколку денови пред годишнината од неговата смрт, под неговата последна објава кога споделил дека е позитивен на вирусот се намножија рој од коментари во негова чест. Некои му посакаа да почива во мир пишувајќи му да не се грижи повеќе за пандемијата во Кина и дека Зимските олимписки игри во Пекинг се одвиваат добро. Некои пак му се обраќаат како на ангел чувар.

Неколкумина го цитираа писменото извинување дека полицијата го принудила д-р Ли да потпише откако бил укорен. Корисниците оставија повеќе од еден милион коментари под последната објава на д-р Ли во изминатите две години, иако не се знае колку од нив се избришани.

Превод: Фронтлајн

Next Post

Грковска-Холштајн: Го продолжуваме партнерскиот однос и поддршка за унапредување на најдобрите практики за остварување на стратешките цели

НАЈНОВО

Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

(ВИДЕО) Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ

November 1, 2025

Зеленски: Продолжуваме да ги уништуваме окупаторите, а најважно е да ги спречиме руските напади каде што е можно

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk