Времето ќе биде претежно сончево и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Особено повеќе ќе биде изразен долж Повардарието каде наместа ќе достигнува до околу 65 км/час.
Утринската температура ќе биде од минус 10 до минус два, а дневната од нула до осум степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу минус четири, а дневната ќе достигне до пет степени.