Електричниот спортски седан „2020 Porsche Taycan“, е прв електричен автомобил на брендот Порше. Токму затоа појавувањето на „Тајкан-от“ на Порше, е едно од најинтерсните случувања во светот на автомобилската индустрија.
Во овој видео преглед од Edmunds говорат за карактеристиките и предностите на Порше Тајкан, пред сите други спортски седани на електричен погон . Она што ќе го издвојува овој електричен лепотан од конкуренцијата, е секако неговата цена, неговите батерии, уникатноста на внатрешниот и надворешен дизајн, брзината, комфорот и сè друго што може да се очекува од Порше.