ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ГАЛЕРИЈА) Петровска во посета на Командата за операции во Куманово и на армиските припадници во касарната „Илинден“: Армијата го заслужува вложувањето во одбраната

February 10, 2022 17:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, во придружба на началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, денеска ја посети Командата за операции на Армијата на Република Северна Македонија во кумановската касарна „Боро Менков“ и припадниците на Логистичката база, Баталјонот за специјални сили и Ренџерскиот баталјон во касарната „Илинден“ во Скопје.

Министерката Петровска на средбите порача дека Армијата многупати го покажа своето место во општеството, пристигнувајќи прва во помош на граѓаните секогаш кога е потребно.

„Граѓаните најголема доверба имаат во вас, во целата Армија и тоа е повеќе од заслужено. Нашиот приоритет е онака како што вие се грижите за државата, така и државата да се грижи за вас, да ви овозможиме да имате одлични услови за работа, да работите со најсовремена опрема и да имате можност да вежбате и да се обучувате континуирано“, рече министерката во Командата за операции.

Петровска порача дека буџетирањето на одбраната кое е основа на развојот е стабилно и во постојан раст. Годинава одбранбениот буџет е во висина од 1,77 проценти од бруто-домашниот производ, а Министерството и Владата остануваат цврсто на ставот дека планот за одвојување на 2 проценти од БДП до 2024 година за одбраната, ќе се реализира.

„Овие средства ги користиме умно и домаќински. Парите на граѓаните се користат за набавка на софистицирана опрема и за зголемување на капацитетите на нашата Армија да одговори на секоја потреба на граѓаните и на државата. Повеќе средства за одбраната значи подобра Армија и помотивирани припадници“, подвлече министерката.

 

1 of 5
- +

1.

2.

3.

4.

5.

Командантот на Командата за операции, бригадниот генерал Бесник Емини ја информираше министерката за активностите и надлежностите на Командата и за плановите за развој на нејзините цели и способности.

Во касарната „Илинден“ во Скопје, министерката беше брифирана за активностите на Логистичката база, баталјонот за специјални сили и Ренџерскиот баталјон. Припадниците на овој баталјон пред министерката Петровска изведоа показна вежба на алпинистичката кула, додека армиските специјалци прикажаа дел од своите способности во боречки вештини.

 

Next Post

Бочварски од Софија: Зголемување на годишните транспортни дозволи и изградба на интерконекторот за гас Струмица - Петрич

НАЈНОВО

Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

November 16, 2025

Убиена 79 годишна жена во Штип, убиецот ја закопал во дворот

November 16, 2025

Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ВИ актерка

    (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk