ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи-Фрагојанис: Работиме на многу заеднички проекти од обостран економски интерес за подобар живот на нашите граѓани и развој на регионот

February 11, 2022 16:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари работен состанок со Заменикот министер за надворешни работи задолжен за економска дипломатија и отвореност на Република Грција, Костас Фрагојанис, со кого разговараа за повеќе теми кои се од обостран економски интерес на двете пријателски земји.

Битиќи и Фрагојанис изразија задоволство од континуитетот на позитивни промени во изминатите две години, кои се резултат на постигнатиот договор од Преспа, за многуте заеднички проекти кои се во тек и посочија дека периодот кој следи е одлична можност дополнително да се забрза реализација на стратешките проекти кои значат уште подобра економска соработка.

Заменикот министер Фрагојанис ги пренeсе ставовите на грчката Влада, дека Република Северна Македонија може да очекува силна политичка подршка од страна на Република Грција во евро-интегративните процеси и притоа нагласи дека соработката помеѓу земјите, особено поврзано со економијата, може да се развива и надвор од рамките на договорот од Преспа, во интерес на граѓаните од двете земји.

Фрагојанис и Битиќи разговараа и за реализација на зеленото сценарио на Стретегијата за енергетика на Република Северна Македонија и за силната интенција на двете влади да придонесат кон остварување на целите од Европскиот Зелен договор, при што од грчка страна беше понудено да се сподели искуството кое тие ги имаат со привлекување и изградба на производствени капацитети од обновливи извори, особено по затворањето на термо-електраните. Максимално да се искористат обновливите природни ресурси, како што се сонцето, ветерот и водата и да се зачува животната средина е заедничка цел не само на Владите на Северна Македонија и Грција, туку на цела Европа.

На состанокот беа отворени и други теми, како соработка во земјоделството и образованието, а вицепремиерот Битиќи и заменикот министер Фрагојанис истакнаа дека меѓусебната соработка ќе продолжи и понатаму и дека заеднички ќе работат на побрза реализација на отпочнатите проекти, но и иницирање на нови идеи, со кои ќе се зацврснува пријателството и економските односи помеѓу двете пријателски земји.

 

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Матичната собраниска комисија ги поддржа измените на законот за внатрешни работи и за полиција

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk