На територија на Град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 44 мерки за недавање предност на пешаци и 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, информираат од МВР.
Изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возач почетник, шест мерки за возење под дејство на алкохол, како и 57 за непрописно паркирање, пишува во соопштението.
Од МВР најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.





