ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Преку ИПА проектите за предучилишно образование и сузбивање на неформалната економија го унапредуваме животот на граѓаните

February 15, 2022 14:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со експертите ангажирани на два ИПА проекти, од кои едниот е во областа на предучилишно образование, а другиот неформалната економија од областа на трудот.

На средбата експертите кои работат на проектите ги презентираа досегашните реализирани активности и постигнати цели, како и плановите за нивно финализирање.

Проектниот тим кој работи на Проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа„ финансиран од  Акциската програма ИПА 2017.Е. информираше за досегашните активности. Притоа беа посочени, активности и реализирани работилници за над 1100 практичари кои се однесуваат на модернизација на професионалниот и кариерен развој на вработените во предучилишните институции, активности и учество на  180 практичари, за ревидирање на моделот на лиценцирање и релиценцирање на стручните лица во предучилишно образование и активности за зајакнување на родителското учество во предучилишното образование. Исто така, реализирани дизајнирани обуки за сензибилизирање и обука на вработени за работа со родители, при што е изработен и Прирачник со работни материјали.

Со вклучување на сите засегнати страни и вработените во градинките и родителите, целта на овој проект е да се потенцира важноста на  сите актери во процесот на предучилишното образование , како унапредување на професионалните компетенции на стручниот кадар, така и родителите, со единствена цел да се подигне квалитетот на предучилишното образование на едно повисоко ниво, од кое придобивка ќе имаат децата.

„Предучилишното образование е клучно за правилен развој на децата. Покрај инвестирањето во изградба на нови градинки, исклучително е важно и зајакнувањето на компетенциите на стручниот кадар во градинките и активното вклучување на родителите. На тој начин се стимулира раното учење и развој на децата со посебен акцент на инклузијата на децата со посебни образовни потреби. Оттука и значењето од имплементирање на проекти како овој, кои имаат за цел подигнување на свеста и нивото за значењето на предучилишното образование,“ рече министерката Тренчевска.

Од страна на тимот кој работи на проектот „Подобрување на условите за работа, исто така беа презентирани досегашните активности  и проекциите до крајот на проектот. Овој проект воедно го подржува реализирањето на Програмата за економски реформи, Програмата за реформи во образованието и социјалните политики и Националната стратегија за формализација на неформалната економија 2018-2022 година, особено исходите поврзани со мерење на неформалната економија и поттикнување на преминот кон формална економија.

Тимот информираше дека работи на воведување и тестирање на процедурите и законската регулатива во секторите каде има најчеста појава на привремени и повремени работи и каде  постои најголема веројатност од непријавена работа. Како и дека во план е и кампања за подигнување на свеста за штетните ефекти од неформалната економија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Твитер канонади со подбив за „отчетот“ на ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk