Како убедлив доказ дека сродните души се вистински, еден кинески маж и жена откриле дека несвесно се појавиле на истата фотографија пред речиси 20 години, една деценија пред да се запознаат. Патем, во Кина живеат 1,379 милијарди луѓе.
Брачната двојка од Ченгду на почетокот на овој месец гледала стари фотографии кога сопругот се препознал како стои во аголот на туристичката слика на неговата сопруга на плоштадот Четврти мај во Кингдао. Фотографијата е направена во јули 2000 година. Во 2011 година, парот на крајот ќе се запознае и ќе се заљуби.
„Кога ја видов фотографијата, бев изненаден и добив морници по целото тело… тоа беше мојата поза за фотографирање. Фотографирав и јас, од поинаков агол, изјавил сопругот, Је, за локален медиум.
Је бил во посета на плоштадот Четврти мај откако на мајка му и се слошило. Во последен момент, тој успеал да го заземе нејзиното место во екскурзијата. Неговата сопруга Кју го посетувала местото со својата мајка.
Парот, кој подоцна стана вирален на кинеската веб-страница за микроблогирање „Weibo“, сега планира да се врати и да направи нова фотографија од себе со своите деца на истото место каде што се вкрстиле.
„Се чини дека Кингдао е секако еден од најпосебните градови за нас. Кога децата ќе пораснат, повторно ќе одиме во Кингдао и семејството повторно ќе се фотографира“, рече Је.