ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Владата предвиде буџет за справување со кризата, општините треба да го дадат својот придонес

February 16, 2022 16:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Кога се работи и живее во време на криза, сите чинители треба да придонесат со своето работење и однесување, а се со цел надминување на предизвиците од истата”, посочи денеска премиерот Ковачевски, информираат владините служби.

„Кога се правеше буџетот на Република Северна Македонија, во него се предвиди ставка за справување со кризата. Јас сметам дека тоа требаше да го направат и општините“, истакна премиерот Ковачевски.

Во изјавата, премиерот Ковачевски го посочи примерот на топлификацијата во Скопје, комунална услуга која што градот Скопје ја обезбедува за граѓаните, каде Владата му посочи на Градот дека со 500.000 евра учество ќе можеше да придонесе во непречено снабдување на граѓаните со топлинска енергија. По одбивањето на градот Скопје да придонесе, Владата го прифати целиот терет и овозможи непречено снабдување со топлинска енергија.

Премиерот Ковачевски истакна дека општините како и Владата треба да бидат одговорни, како во намалувањето на тековните трошоци така и во зголемувањето на трошоците кои се однесуваат во справувањето со енергетската криза. Најпрво, општините треба да донесат планови во кои што е содржано и планирано справувањето со енергетска криза, а притоа да е предвидено намалување на ставки кои што не се неопходни во овој период.

Дополнително, премиерот Ковачевски истакна дека доколку општините го зголемат своето оперативно работење, особено во делот на собирањето на даноците кои се исклучиво во надлежност на општините, (во моментов се собираат само 47 проценти од даноците како изворни приходи на општините), тогаш Владата ќе е апсолутно заинтересирана да помогне.

Со цел да не се почувствува ценовниот шок, државата веќе субвенционира електрична енергија, за сите граѓани кои што живеат во сите општини во земјата. Сите страни треба да го дадат својот придонес за справување со кризата”, заклучи премиерот Ковачевски во изјавата.

Next Post

Онлајн настан на ЦИВИЛ за нелегалното оружје и организираниот криминал

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk