ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Ќе се направат анализи, а потоа ќе се соопштат мерките за задржување на ценовната стабилност

February 16, 2022 20:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Регулирањето на цената на увозните производи се однесува и на цените на горивата. Најпрвин ќе бидат направени анализи, а потоа ќе се соопштат мерките и идните планови за задржување на ценовната стабилност на максимално можно ниво, но и задржување на стандардот на граѓаните, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Сител, прашан дали Владата планира одредени мерки во врска со зголемувањето на цените на горивата.

Премиерот посочи дека зголемување на цените има и во останатите држави поради актуелната ситуација со пандемијата, но потсети дека Владата ги замрзна цените на основните прехранбени продукти, со што се спречи нивното зголемување.

-Доколку не беа тие мерки, тогаш зголемувањето на цените ќе беше многу поголемо. Затоа се пристапи кон замрзнување на цените на основните прехранбени продукти наведени во листата на Министерството за економија согласно одлуката на Владата. Цените можат да се регулираат на повеќе начини. Има и директно замрзнување, но во тој случај треба да се видат реакциите и мислењето и на стопанските субјекти кои работат во производство на тие продукти и во увоз со оглед на то дека дел се од домашно производство, а дел се од увоз, рече премиерот.

Тој напомена дека ќе се разговара и ќе се првата анализи, посочувајќи дека постојат и други методологии во однос на регулирање на цените и спречување на нивно зголемување.

-Постојат и други методологии кои се на располагање во однос на регулирање на цени и спречување на нивно зголемување. Тоа може да се направи и преку интервенција на увозните маржи. Министерството за економија веќе има задача тоа да го направи, тие ќе почнат разговори и со производителите и со увозниците, за да може на крајот на февруари да имаме нови мерки кои ќе спречат големо зголемување на цените, додаде Ковачевски.

Во однос на пензиите, премиерот посочи дека Владата работи на нова метдологија за покачување на пензиите, но и за дополнителна финасиска помош со цел надминување на последиците од енергетската криза.

Тој нагласи дека зголемувањето на пензиите и пакетот мерки ќе бидат донесени преку дијалог со сите засегнати страни.

-Ќе се работи на анализи и на нова методологија на усогласување на пензиите така како што има одредени предлози на асоцијациите на пензионери. И дополнително со оглед на тоа што се наоаѓаме во енергетска криза која што најмногу ги погаѓа најранливите ние веќе работиме и на анализа на дополнителна финансиска помош на пензионерите во време на криза, а нивото на поддршка, ќе го дадат анализите. Оние кои се најранливи, кои имаат најниски пензии, помошта ќе биде поголема и како што се зголемува нивото на пензиите така ќе биде нивелирана на пониско ниво за да можеме да го заштитиме животниот стандард на пензионерите, порача Ковачевски.

Осврнувајќи се на предлог законот за зголемување на пензиите, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Ковачевски оцени дека тоа е паушален предлог кој не се базира на никакви анализи.

– Законот којшто ВМРО-ДПММЕ го поднесе, сметам дека е паушален, не знам дали е извадено од глава или од шешир тоа што го предлагаат бидејќи тоа не се базира на никакви анализи. Јас познавам многу еминентни економисти во опозицијата и не верувам дека тие тоа го предложиле, веројатно во некоја ПР служба го предложиле тоа решение, истакна Ковачевски.

Ковачевски посочи дека во изминатите неколку години Фондот на ПИОМ е консолидиран и денес, ПИОМ дури и во време на криза, врши предвремена исплата неколку денови однапред за конкретниот месец.

извор: МИА

Next Post

Ковачевски: Делчев е основоположник на македонската национална борба, неговите идеали ги реализираме

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk