ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Проширувањето на ЕУ треба да се забрза во насока на зајакнување на стабилноста

February 17, 2022 15:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Петровска учествуваше на состанокот на министрите за одбрана во рамките на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел. Состанокот се одвиваше во два работни дена. Главни теми за дискусија беа ситуацијата во и околу Украина, како и подготовката за Самитот на Алијансата кој ќе се одржи во Мадрид во јуни оваа година, информираат од Министерството за одбрана.

Во рамките на состаноците, министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО го потврдија со заедничка изјава единството во заштитата на безбедноста на земјите-членки и колективната одбрана, ја потврдија силната определба за мирно решавање на ситуацијата во и околу Украина и за изнаоѓање на политичко решение за кризата. Беше изразена силна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. За надминување на оваа ситуација продолжува и определбата за дипломатско решение преку консултации со сите инволвирани страни, земји партнери и Европската Унија. Воедно, во рамките на оваа сесија се дискутираше и за идната поставеност на Алијансата за зајакната поддршка на членките на источното крило. Во однос на подготовката за Самитот на НАТО во Мадрид, земјите- членки постигнаа согласност да се апострофираат клучните прашања за зголемување на воените способности, инвестициите во одбраната, капацитетите за отпорност, како и зајакнување на напорите за технолошки иновации.

Во рамките на дискусијата за рамномерно споделување на товарот, министрите го поздравија континуираното седумгодишно зголемување на средствата за одбрана на Алијансата, со цел достигнување на 2% од БДП за средства за одбрана, од кои најмалку 20% за нова опрема, истражување и развој. Во тој контекст, министерката Петровска истакна дека Северна Македонија веќе петта година по ред бележи континуирано зголемување на средствата за одбрана. Во 2022 година, средствата за одбрана изнесуваат 1,77 проценти од БДП, со што нашата држава до 2024 година ќе го достигне нивото од 2%. Оваа година се обезбедени над 30% за опремување на вооружените сили со што Северна Македонија се вброи во групата од 24 сојузници кои ги исполнија насоките од Велс по однос на опремувањето.

Министерката Петровска, соопштувајќи ја заедничката изјава на министрите за одбрана на Албанија, Хрватска, Црна Гора, и Северна Македонија, ја поздрави соработката со партнерите Грузија и Украина. Таа ги поздрави напорите на двете земји во имплементацијата на одбранбените реформи, изразувајќи ја подготвеноста за споделување на искуствата и научените лекции од интеграцијата во Алијансата и постигнувањето на целосна интероперабилност.

Во однос на соработката помеѓу НАТО и ЕУ, министерката Петровска истакна дека двете организации се засноваат на исти вредности, и споделуваат исти безбедносни закани. Од таа причина се заложи за унапредување на меѓусебната координација на области од заедничко значење, како справувањето со сајбер и хибридни закани, борба против тероризмот, климатските промени и отпорноста. Воедно, истакна дека политиката на „отворена врата“ е основен принцип на европската безбедност и дека проширувањето на ЕУ треба да се забрза во насока на зајакнување на стабилноста.

 

 

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бочварски: Почнуваме силна градежна активност во пелагонискиот регион

НАЈНОВО

Силно невреме низ Европа: Прекини на струја, откажани летови и блокади на патишта

October 5, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Лавина однесе тројца хрватски планинари во Јулиските Алпи во Словенија

October 5, 2025

Израел тврди – речиси целиот север на Појасот Газа е испразнет од цивили; според ОН тами сè уште има стотици илјади луѓе

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk