ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шаќири во Охрид на средби за унапредување на образовниот процес согласно потребите на локалната екомонија

February 18, 2022 14:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска во Охрид заедно со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, учествуваа во дијалогот „Учи паметно, работи стручно“ посветен на можностите за унапредување на образовниот процес согласно потребите на пазарот на труд и барањата на локалната економија.

– Втора година по ред преку овој проект се унапредува средното стручно образование. Заедно со компаниите, општините, училиштата ги дискутираме потребите за определени стручни кадри и ги утврдуваме и воведуваме соодветни струки во образовниот процес, рече Шаќири.

Тој изрази задоволство што во Охрид, но и во другите општини постои интерес за ваквите средби, посветени на заеднички пристап кон креирање образовен процес согласно општествениот интерес.

– Заедничкиот пристап гарантира успех и сигурност во остварувањето на целите. Општествениот интерес е врвен приоритет на државата. И оваа година МОН продолжи со анкетите спроведени во компаниите, на кои дури 90 отсто е добиен позитивен одговор на отпочнатата иницијатива, рече Шаќири.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков изрази задоволство што Охрид е меѓу општините што предничат во процесот на унапредувањето на средното образование преку воведување дуалност во стекнувањето квалификувана наобразба.

– Дуалното образование носи квалитет во самата настава, а произведува квалификувани кадри согласно потребите на компаниите. Учениците преку практична настава стекнуваат соодветни искуства, а компанииите добиваат готов кадар, рече Пецаков.

Тој најави дека активностите на општината продолжуваат во насока на добивање информации од компаниите за нивните контретни потреби од кадри, а потоа ќе се работи на проекти во исполнување на нивните прецизни барања.

Нашата Јаневска од Стопанската комора рече дека спроведените анализи укажуваат на недостаток од соодветен кадар кај компаниите и оттаму потребата од приближување на бизнис-секторот со самиот образовен процес.

– Овој социјален дијалог го овозможи тоа, во насока на модернизирање на наставните и образовните програми согласно потребите на компаниите на локално ниво…Комората учествува во креирање образовни програми, сертифицирање ментори, но обезбедува и опремување на стручните училишта со работните за реализација на практичната настава, рече таа.

Извор: МИА

 

Next Post

Тренчевска-Која: Поддршката од Мисијата на ОБСЕ важна за реализирање на започнатите и на новите проекти

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk