Разузнавачките информации за можни цели беа споделени со Украина и со другите партнери во регионот.
Американските разузнавачи добија информации дека во случај на успешен напад на Украина, Русија ќе таргетира истакнати политички противници, граѓански и антикорупциски активисти, и руски и белоруски дисиденти кои живеат во егзил.
Според Форин полиси, четири извори запознаени со американското разузнавање споделиле информации дека Русија веќе подготвила списоци на украински политички фигури и други истакнати личности кои ќе бидат цел на апсење или атентат во случај на успешен напад врз Украина.
„Петти извор, американски официјален претставник кој сакаше да остане анонимен, рече дека Соединетите држави го намалуваат степенот на разузнавачката класификација поврзана со заканите кон одредени групи во Украина за да ги споделат овие информации со украинските владини претставници и другите партнери во регионот“ – пишува Форин полиси.







