ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МО на Украина: Руските окупаторски сили извршија уште една провокација со цел да ги обвинат украинските војници

February 21, 2022 16:42
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според информациите на Министерството за одбрана на Украина, вчера (20.02.2022) околу  21 часот руските окупаторски сили извршиле уште една провокација со цел да ги обвинат украинските војници.  Агресорот отвори оган од тешко оружје од место на населбата ЛОБАЧЕВЕ во правец на ЛУГАНСК.

Во отсуство на какви било агресивни дејства од страна на украинските бранители, напаѓачите сами ги разнесуваат објектите на инфраструктурата на окупираните територии и вршат хаотично гранатирање на населените места.

Очигледно е тоа, дека непријателот продолжува да ги користи своите пропагандни методи за водење информативна војна со цел да ги обвини Вооружените Сили на Украина и да ја ескалира ситуацијата. Со таквите дејства, напаѓачите уште еднаш го покажаа својот циничен и рамнодушен однос кон животот и здравјето на цивилите, пишува во соопштението.

Командирите на Здружените сили официјално објавија дека единиците на Здружените сили строго се придржуваат до договорите од Минск и нормите на меѓународното хуманитарно право.  Според тоа, наводите за наводно гранатирање на населени места од страна на Вооружените Сили на Украина се отворени лаги и провокации, за кои е одговорна земјата окупатор.

Покрај тоа информираат дека во текот на изминатите 24 часа (20.02.2022), на 20 февруари, од страна на вооружените формации на Руската Федерација биле регистрирани 80 прекршувања, од кои 72 биле со употреба на оружје забрането со договорите од Минск.

Како резултат на гранатирањето, еден војник се здобил со борбени повреди, а здравствената состојба на украинскиот бранител е задоволителна. Окупаторите продолжуваат цинично да водат артилериски оган од населените места, криејќи се зад цивилите како зад жив штит, велат од Министерството за одбрана на Украина.

 

Next Post

За реконструкција на Римскиот театар во Стоби се потребни 60 милиони денари

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk