Објавен е Индексот на германска фондација Бертелсман (BTI) за позитивна трансформација на 137 држави за 2022 година.
По однос на демократското владеење, Северна Македонија е рангирана на 17 место. Албанија е на 18-то, Црна Гора на 19-то, Бугарија на 27-мо, Косово на 41-во и Србија на 65-то место.
Во категоријата на политичка трансформација, рангирани сме на 22 место, а зад нас се: Бугарија на 25-то, Албанија и Црна Гора на 27-мо, Косово na 40-то и Србија на 51-то место.
Во категоријата на економска трансформација Северна Македонија е на 21-то место. Црна Гора на 25-то, Србија на 26-то, Албанија на 35-то и Косово на 42-то место.
Индексот на трансформација на Бертелсман Фондацијата (BTI) анализира и проценува дали и како земјите во развој и земјите во транзиција ги насочуваат социјалните промени кон демократија и пазарна економија.
М. А.